volumen4 проблеми и решенија за негата на косата
Евтините производи за волумен често содржат вештачки пластични полимери, кои го сушат влакното.
trepkinasВештачки трепки за драматичен поглед
Kim Kardashian го истакна својот бронзен тен со долги волуменозни трепки.
395349_10150454257136447_330993731446_9003577_1485882349_nУсни и нокти во иста боја
За прецизно нанесување на карминот прво нанесете  глицеринска маст во тенок слој.
grckanje_copyОдвикнете се од грицкањето на ноктите!
Убавиот изглед на вештачките нокти може да биде причина да не ги уништувате со грицкање.

Нега на масна кожа

dsd

Избирајте пилинзи со природни честички, на пример гранули од кедрово дрво или семки од кајсија и праска.

Масната кожа на лицето може да биде причина за повеќето ваши незадоволства од надворешниот изглед. Масниот сјај кој се појавува на Т-зоната, како и појавата на акни и митесери нека биде доволен повод да посветите повеќе време на негата на овој тип на кожа.

Овие совети ќе бидат добредојдени за нега на масната кожа!

Чистење наутро и навечер

Бидејќи масната кожа е последица на нагласеното лачење на лојните жлезди како резултат на зголеменото количество на машки хормони во организмот, основата за нејзина нега се наоѓа во нејзиното правилно чистење наутро и навечер.

При изборот на средствата најчестата грешка е изборот на средства кои во својот состав содржат алкохол кој нема да ја редуцира маснотијата на кожата туку само ќе го оштети горниот слој од кожата.

Употребувајте лосиони со неутрален Ph баланс, а избегнувајте ги средствата кои во својот содржат масла. Антибактериските компоненти во гелот и пената  за миење се задолжителни.

 

 NotForMen препорака: Минерална вода за нега на вашата кожа

 

Пилинг и тонизирање

Избирајте пилинзи со природни честички, на пример гранули од кедрово дрво или семки од кајсија и праска.

По миењето и пилингот, тонизирајте ја кожата со тоник или лосион соодветен за овој тип на кожа.

Во домашни услови можете да направите раствор од билки и да ја тонизирате кожата неколку пати во текот на денот. Камилицата и жалфијата се идеални за таа примена.

Избирајте лосиони кои во својот состав содржат цинк кој ќе ја спречи евентуалната појава на воспаленија како последица на зголеменото лачење маснотии.

Хидратација и маски

По чистењето, масната кожата треба да ја хидратирате. За таа цел, користете креми со лесна текстура или бесмасни емулзии.

Маските од глина се идеални за овој тип на кожа, советуваат дерматолозите, притоа избирајте темна глина.

Од кујната можете да се послужите со рендани краставици помешани со лажичка исцеден сок од лимон и мало количество на немасен јогурт. Оваа смеса нанесете ја на лицето и оставете ја да делува околу 15 минути.

Во исхраната откажете се од масните и слатки продукти, додека пак за овошјето, зеленчукот и млечните производи кожата ќе ви биде благодарна.

Еве кои средства се одлични сојузници на негата на масната кожа!

Гел за миење лице - ги чисти нечистотиите и остатокот од масен сјај. Кожата е почиста и со здрав тен. Безмасната формула ја балансира мрсната кожа, длабински ја чисти и ги отстранува мртвите површински клетки. Се користи секојдневно за видлив мат ефект на кожата. 150  мл.349ден.
Матирачки ноќен крем за нега на младешката масна кожа. Содржи провитамин Б5 кој ја регенерира кожата на лицето во текот на ноќта. 75 мл.235 ден.
Тоник за масна кожа - Содржи антибактериски агенси кои ги отстрануаат маснотиите од порите на кожата.  200 мл.520 ден.
Pure Skin Face WashГел за миење лице - ги чисти нечистотиите и остатокот од масен сјај. Кожата е почиста и со здрав тен. Безмасната формула ја балансира мрсната кожа, длабински ја чисти и ги отстранува мртвите површински клетки. Се користи секојдневно за видлив мат ефект на кожата. 150  мл.349ден.
startstop
fwd
1 / 3
bwd






 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?