timeless9 парчиња за секоја сезона
Ќе заштедите пари бидејќи се носат и лете и зиме, а сепак ќе останете во тренд.
se_lakiraПоловина час за нега на стапалата
Посветете им нега на стапалата, како што им посветувате на рацете.
solo4 холивудски идеи за вашата вечерна фризура
Мазната и собрана коса нека биде дел од вашата елегантна појава.
stapalo_vo_sad_so_vodaПедикир
Се вели дека жената што ги негува стапалата ќе знае да го негува и мажот.

6 продукти – виновници за вашите акни

sed_copy

Хормонот на стрес познат како кортизол кој е одговорен за кожните воспаленија и зголемената појава на акни.

Дури и најскапите средства и најефикасните третмани за нега на кожата не ги решаваат вашите проблеми со акните?

Причината за кожните воспаленија може да биде токму режимот на исхрана.
Дерматолозите во соработка со нутриционистите ги открија виновниците од кујната за најголемите непријатели на ваша кожа – акните и митесерите!

Еве ги виновниците и советите како да им се спротивставите!

Кафе и црн чај

Кафето или високо концентрираниот црн чај во својот состав содржат состојки кои го активираат лачењето на хормонот на стрес познат како кортизол кој е одговорен за кожните воспаленија и зголемената појава на акни.

Совет: Наместо засладено консумирајте кафе без шеќер, а чајот засладувајте го со мед.


NotForMen препорака: Стискање акни, Да или НЕ?

 

Млеко и сирење

Високата масленост од млекото и некои млечни продукти го зголемуваат лачењето на лојните жлезди кои се наоѓаат во подкожното ткиво како последица на што се јавуваат акните.

Умерено маслените продукти ја регулираат размената на материи во организмот што е полезно за вашата кожа.

Совет: Сирењето заменете го со урда со ниска масленост, а обичниот со пробиотски јогурт.

Слатки работи

Шеќерот и чиста кожа не одат заедно, но тоа не важи за медот и слаткото суво или свежо овошје.

Совет: Колачињата и тортите од бело брашно и голема количина на шеќер заменете ги со овошен пудинг со малку  кафен шеќер.

Истражувањата од последните 20 години го елиминираа тврдењето дека чоколадата е најголем предизвикувач на акни.

Газирани пијалаци

Јаглерод диоксидот  кој се содржи во газираните пијалаци е одговорен за покачениот инсулин во крвта како резултат на што се зголемува продукцијата на хормони штетни за вашето чисто лице.

Совет: Свежо цедените сокови или негазираната вода се најдобрите пријатели на вашата кожа.

Пржена храна

Пржената храна освен вишок на калории нема да подари никаква друга полза за вашиот организам. Мрсната храна го покачува  нивото на хормони кои го поттикнуваат акните и митесерите.

Совет: Пржените компирчиња заменете ги со варени, а зеленчукот наместо да го пржите на зејтин варете го на пареа .

Ореви и кикиритки

Сите производи од ореви и кикиритки може да предизвикаат кожни воспалувања. Тоа не значи сосема да ги исфрлите од исхраната, туку само намалете го консумираното количество.

Совет: Оревите и кикиритките заменете ги со бадеми и лешници.

Промешајте едно изрендано јаболко и две супени лажици мед. Оставете ја смесата на лицето да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода.
Промешајте една матена белка со неколку капки лимон кој ги отстранува маснотиите од кожата. Нанесете ја маската на лицето и по 15 минути измијте ја со топла вода.
Во чаша со топла вода постепено додавајте морска сол. Оставете ја смесата да постои околу десетина минути и кога доволно ќе згусне нанесете ја на лицето како маска. Солта на природен начин ја чисти кожата.
Промешајте едно изрендано јаболко и две супени лажици мед. Оставете ја смесата на лицето да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода.
startstop
fwd
1 / 3
bwd




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?