
Сокот од портокал благодарение на витаминот Ц природно ја избелува кожата.
Негата на кожата на лицето може да биде многу лесна и едноставна. Доколку избирањето на козметички средства не ви е баш најсилна страна посегнете по продуктите од кујната кои имаат природни својства добредојдени за нега на вашата кожа.
Ние ви предлагаме три домашни рецепти кои на природен начин ќе се справат со најчестите проблеми со кожата – сив тен и уморен изглед, акни и митесери и појавата на брчки.
Боровинки и јогурт за свежа кожа
Направете смеса од грст свежи боровинки и неколку лажички јогурт. Маската нанесете ја на лице, покријте ја со парче газа и оставете да делува 20 минути. Исплакнете го лицето со топла вода.
Боровинките се непроценлив извор на витамини А, Б и Ц, железо, сулфур и калциум кои имаат изразено антиоксидантно дејство, ги штитат крвните садови, ја хранат и навлажнуваат кожата.
Маската од боровинки во комбинација со јогурт кој ја урамнотежува ПХ вредноста на кожата ги враќаат сјајот и свежината на уморното лице.
NotForMen препорака: Рутинска нега на кожата
Портокал и сода бикарбона против акни
Смесата од една лажица сода бикарбона и свежо цеден сок од портокал може да ја користите како пилинг средство за отстранување на мртвите клетки од површината на кожата, а исто така и како маска за чистење на порите како резултат на што ќе се намали појавата на црнки и акни.
Направете густа смеса од една лажица сода и една лажица сок од портокал и нанесете ја смесата во тенок слој на лицето и деколтето. Доволно е да дејствува околу 15-ина минути.
Сокот од портокал благодарение на витаминот Ц природно ја избелува кожата.
Соја за помалку брчки
Мелените свежи никулци од соја помешајте ги со малку вода во која претходно сте свариле ориз. Кон смесата додадете лажичка бадемово масло и добро помешајте. Сместа оставете ја да стои на лицето околу 20-ина минути.
Никулците од соја изобилуваат со состојки кои ј длабински ја хидратираат кожата поради што се намалува создавањето на брчките, а веќе постоечките се помалку видливи.
Водата во која се варел оризот е богата со скроб кој делува смирувачки, но има и моментален лифтинг ефект. Маслото од бадем има изразено хидратантно дејство.
Дознајте неколку дополнителни факти за нега на вашата кожа!
.gif)






























.gif)























