
Со третманот на пареа порите на кожата се отвораат и тој момент е најповолен за длабинско хранење на кожата.
Никако да ги завршите подготовките околу новогодишниот изглед. Ги одбравте фустанот и накитот, купивте чевли, закажавте на фризер и најверојатно сфативте дека не ви преостанува време за козметички третман на лицето.
Но, не паничете истиот можете да го направите и во домашни услови, а најдобро е тоа да го сторите уште вечерва пред легнување.
Резултатот е чиста и блескава кожа која ќе биде идеална основа за вашата вечерна шминка.
Третманот за лице во домашни услови се состои од три чекори:
Чекор 1: Пилинг чистење
За да ги отсраните нечистотиите од лицето, исчистете го лицето со средство за отстранување на шминката, а за да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата направете пилинг.
Со кружни масирачки движења масирајте ја влажната кожа со пилинг средство, а доколку немате можете да ја искористите крмата во која ќе додадете шеќер.
Чекор 2: Третман со пареа
Во голем сад зовријте вода во која ќе додадете етерично масло или некаква билка во зависност од типот на кожата.
За мрсна кожа: лаванда, зеленчај, масло од еукалиптус или чајно дрво, тенки парчиња лимон, камилица или нане.
За сува кожа: лаванда, камилица, масло од роза, зелен чај.
За чувствителна кожа: камилица, лаванда.
За комбинирана кожа: лаванда, зелен чај, масло од чајно дрво.
Зовриената вода заедно со додадените состојки оставете ги да стојат околу 5-10 минути, а потоа доближете го лицето до пареата (на растојание од околу 20 сантиметри), покривајќи ја главата со крпа.
Третманот со пареа препорачливо е да трае околу 15- 20 минути.
Чекор 3: Хранлива маска
Со третманот на пареа порите на кожата се отвораат и тој момент е најповолен за длабинско хранење на кожата.
Откако ќе го избришете лицето нанесете маска која ќе ја оставите да стои околу 10 минути. Маската отстранете ја со помош памук натопен со бадемово масло, а потоа измијте го лицето.
NotForMen препорака: 3 домашни маски за нега на лице
По нанесувањето на маската овозможете и дополнителна хидратација на кожата со соодветна крема за лице.
.gif)





























.gif)























