
Избирајте средства за нега кои во својот состав содржат природни состојки кои нема да му штетат на вашето бебе.
За голем број од холивудските ѕвезди бременоста и мајчинството не се причина за ја запостават негата на кожата туку напротив да и го посветат дополнително внимание кое и е потребно.
Освен желбата да бидете привлечни, негата е задолжителна доколку сакате да ја зачувате кожата здрава, еластична и сјајна и по породувањето.
NotForMen препорака: Телото по бременоста
Најдобро е негата да ја започнете уште во првите месеци кога во организмот доаѓа до промена на нивото на хормони што влијае на состојбата на епидермисот на кожата.
Најчестите проблеми на кожата кои се јавуваат кај бремените жени се:
За да реагирате превентивно на овие евентуални проблеми на кожата следете ги следниве совети!
- Туширањето со топла вода наутро и навечер ќе помогне порите на кожата да бидат пораширени, а со тоа и кожата да биде поеластична.
- Како превентива од губењето на влажноста и стареење на кожата се препорачуваат хидратантни, антиоксидантни кремови кои имаат ефект на стимулатори на природната влажност и еластичност.
- Избирајте средства за нега кои во својот состав содржат природни состојки кои нема да му штетат на вашето бебе.
- Редовната хидратација е пресудна за спречувањето на појавата на стрии. Употребувајте креми, лосиони и масла кои во својот состав содржат алги или други состојки од морско потекло.
- Додека се туширате деловите каде се појавени стриите или каде што очекувате да се појават, масирајте ги со четка. Тоа ќе ја подобри циркулацијата во критичната област.
- Пред секое изложување на сонце заштитете ја кожата со крема со заштитен фактор (минимум 50).
- Во исхраната додадете рибино масло кое содржи високи концентрации на омега-3 масни киселини кои го намалуваат евентуалното воспаление на кожата и помагаат во задржувањето на влагата во кожата.
.gif)































.gif)























