seeseti1Враќањето на гламурот од 60-тите
Дизајнерот Zang Toi на своето модно шоу го врати гламурот од 60-тите и ја славеше убавата жена.
greskite15 мејкап грешки
Вашиот коректор мора да соодветствува на нијансата на вашата пудра.
band1Ленти за коса: 4 правила и 8 предлози
Лентите за коса повторно ги преплавија модните писти за сезоната пролет/лето 2012.
rijana130 Rihanna предлози за фатални промени
Косата која ја носите долга со години скратете ја во ултра кратка машка фризура.

Усни и нокти во иста боја

378617_10150454238736447_330993731446_9003469_1894242992_n

Промешајте малку мед и кафен шеќер и со смесата направете пилинг на усните.

Зимската атмосфера не значи да се откажете од веселите впечатливи бои на вашите нокти и усни. Следете го универзално правило – одлучете се за лак и кармин во иста нијанса и верувајте нема да погрешите!

 

NotForMen препорака: Уникатен маникир за вашите нокти

 

Нега на ноктите

Убавите нокти се вистински украс за вашите раце, но лакот нема да изгледа привлечно доколку на ноктите и кожата на рацете не им ја пружите потребната нега.

Еве кои совети треба да ги примените пред да нанесете лак во јака боја на вашите нокти:

Потопете ги рацете во сад со топла вода во која ќе додадете малку исцеден сок од лимон или морска сол и со четка четкајте ја површината на ноктите. На тој начин ќе ги отстраните сите нечистотии и ќе ја подобрите циркулацијата на кожата на рацете. Доволно се десет минути за овој третман.

Откако ќе ги извадите рацете избришете ги со крпа и пристапете кон обликување на ноктите со помош на турпија.

Додека кожата е омекната со помош на дрвено стапче за маникир отстранете ги кутикулите на ноктите по што ќе нанесете бадемово масло кое убаво ќе го втриете во кожата.  Почекајте неколку минути за да се исуши и потоа пристапете кон нанесување на лакот.

За потоа полесно да го отстраните темниот лак за нокти најпрвин нанесете еден слој безбоен лак, а потоа налакирајте ги ноктите со темниот лак во два слоја. Лакот за нокти чувајте го на ладно место за да го спречите неговото згрутчување.

Нега на усните

Нема да погрешите доколку се одлучите за кармин во иста или слична нијанса како лакот на ноктите. За да го олесните нанесувањето на каминот и да ги направите усните попривлечни следете ги следниве совети!

Направете пилинг на усните. Доволно е да промешате малку мед и кафен шеќер и со смесата да ја трите кожата на усните, притоа можете да употребите четка за заби.

Следен чекор е хидратацијата на усните. Доволно е секоја ноќ пред спиење да нанесувате малку мед на усните и да го оставите на усните во текот на целата ноќ.

За прецизно нанесување на карминот најпрвин нанесете еден слој безбоен балзам или глицеринска маст во тенок слој.

Оцртајте ги усните со моливче во иста боја како и карминот. Откако ќе нанесете еден слој кармин поминете ги усните со хартиено шамивче па нанесете уште еден слој од карминот. На тој начин бојата на усните ќе биде долготрајна.

Бидете забележани со впечатлива комбинација на нијансите на вашите нокти и усни. Инспирирајте се од следниве идеи!

Црвената нијанса на вашите нокти и усни е класичен моден погодок. За да ги истакнете усните внимавајте на тенот на кожата на лицето, а ноктите нека бидат со средна должина и овален облик.
Нокти во впечатлива жолта боја во комбинација со жолта сенка и кармин во пастелна нијанса. Помалку ексцентрично, но доволно храбро и модерно за да привлечете внимание со изгледот.
Светските make-up артисти ја негираат идејата дека портокаловата боја е добредојдена само за летните денови. Овој жежок моден тренд во шминкањето е одличен и за зимските денови.
Додадете доза на драматизам на вашето лице со темен кармин и нокти во иста нијанса. За вашиот вечерен изглед одлучете се за бордо кармин во два слоја, а прстите украсете ги со макси прстени од сребро.
За нежен изглед одлучете се за пастелни нијанси на ноктите и кармин во месо боја. Овој избор е навистина практичен бидејќи совршено се вклопува во секоја ваша комбинација.
Карминот во златно кафена нијанса ќе ги направи вашите усни сензуални, а ноктите во темно црвена нијанса совршено се вклопуваат во тој изглед. Ноктите обликувајте ги во квадратеста форма.
Црвената нијанса на вашите нокти и усни е класичен моден погодок. За да ги истакнете усните внимавајте на тенот на кожата на лицето, а ноктите нека бидат со средна должина и овален облик.
startstop
fwd
1 / 6
bwd











 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?