
За минимизирање на брчките можат да се користат и ласери кои го симулираат производството на колаген.
Немилосрдниот биолошки часовник не ја штеди ниту вашата кожа па неколку години по дваесет и петтата ќе мора да се соочите со првите брчки.
Природниот процес на стареење на кожата како и изложеноста на надворешните фактори и хроничниот стрес се одговорни за малите ситни вдлабнати линии кои најчесто се појавуваат околу очите, странично од устата и на вратот и градите, како и на горниот дел од дланките.
Сепак, експертите за убавина сметаат дека постои начин да се измени текот на природниот процес на стареење, а брчките да се направат помалку видливи.
Најчести причини
Освен на стареењето брчките се последица на фацијалните гримаси, слабата хидратација на кожата, штетното влијание на сонцето, ветрот, хемикалиите, пушењето и низа други фактори кои не и одат во прилог на вашата нега.
По 25-та година работата на поткожните лојни жлезди се намалува и забавува поради што кожата ја губи природната влажност. Сувата кожа има недостиг на колаген и еластин поради што се опушта и збрчкува.
Годините го истенчуваат горниот површински слој на кожата, а сонцето дополнително ја забрзува појавата на брчки на тие делови.
NotForMen препорака: Имате брчки?
Начини на редукција
Дермабразијата и хемиските пилинзи се два од традиционалните козметички методи кои се користат во обнова на површината на кожата и затоа многу од експертите дерматолози сметаат дека може да бидат одличен начин за редукција на брчките кои се појавуваат на површината на кожата.
За минимизирање на брчките можат да се користат и ласери кои го симулираат производството на колаген.
Витамин А – СОС за брчките
Витамининот А во составот на кремите за нега на кожата е идеална состојка во борбата против прераното збрчкување на кожата но само доколку станува збор за природниот процес на стареење. Токму затоа треба да внимавате на консумација на истиот како преку исхраната така и како дел од козметичните средства против стареење.
Каква храна треба да консумирате доколку брчките ви се непријатели?
.gif)





























.gif)























