
Најнежните бисерни нијанси на розовата боја на усните најдоа свое место на модните писти.
Со образи како вишна, портокалови сенки и бисерно розови барби усни блеснете оваа пролет. Модните писти ни ги сервираа 6-те најжешки трендови за шминка за наредната сезона.
ПОРТОКАЛОВО
Бојата на портокалот ќе биде препознатливиот знак на 2012, па време е за сочни сенки и вкусни усни. Промовиран на модните писти овој тренд може да направи да изгледате навистина слатко.

БАРБИ УСНИ
Нежните нијанси на розово ќе ве направат совршената барбика оваа пролет. Најнежните бисерни нијанси на розовата боја на усните најдоа свое место на модните писти.

СВЕТЛИ МЕТАЛИК СЕНКИ
Сјајните рефлективни сенки за очи се одличен начин да додадете малку акцент на убавината на вашето лице. Најнежните металик тонови на модните писти без нанесени на нови креативни начини.

NotForMen препорака: Најдобрите совети за шминка за очи
ЦРВЕНИ УСНИ
Огнени нијанси на црвена боја на усните и минималистичка шминка на очите е тренд кој не изумира. Гламурот од 50-тите на црвениот тепих повторно актуелен.

ХРАБРИ ВЕЃИ
Колку поголеми и похрабри веѓи, толку подобро. Во последно време стилистите ги акцентираат очите со интензивно дефинирани и затемнети веѓи.

МАЧКЕСТИ ОЧИ
Нетрадиционалните храбро исцртани мачкести очи беа неодамна промовирани на неколку модни шоуа. Секси исцртајте го горниот капак од окото и заведувајте оваа пролет!

.gif)






















.gif)























