espadrilite1Сандали на платформа за лежерен гламур
Сандалите на платформа се поудобни од оние со висока потпетица, а сепак ќе ви дадат висина.
mlado_i_staroБаба со тело на манекенка???
Тоа може да ви го направат строгите диети!
mamurlakБидете убава и по најлудата ноќ!
Едноставни трикови со кои ќе си помогнете да го совладате мамурлакот.
guci1Кој го носи подобро Gucci?
Kim Kardashian или Charlotte Casiraghi ја донесе поефектно оваа интересна креација.

Како да одберете соодветен лосион за сончање?

sunbathing

Со доаѓањето на летото се наметна и прашањето за избор на соодветен лосион за сончање. Ова е важно прашање со оглед на штетноста на УВ-зраците и можноста од појава на рак на кожата. Преголемото изложување на сонце без заштита, ќе ја остави вашата кожа без влага, ќе добиете изгореници, некои добиваат и алергиски инфекции, а познато е и појавувањето дамки.

Доволно кажавме за потребата од ваков лосион. Но, не е доволно да купите каков било. Соодветниот лосион кој одговара на вашиот тип кожа ќе ја заврши работата. Ќе ви го олесниме проблемот со тоа што ќе ви дадеме неколку совети и факти за лосионите за полесно да се соочите со предизвикот за избирање на идеалниот вид.

Пред да го купите лосионот... прочитајте дали штити од УВБ и од УВА-зраци. Многу лосиони не штитат и од двата вида зраци иако подеднакво се штетни за кожата и одговорни за предизвикување рак.

Лосионите кои содржат СПФ-фактор ја штитат кожата само од УВБ-зраците и тоа за добри 93%  и го продолжуваат дозволеното време за изложување на сонце. За кожа со нормален тен се препорачува лосион со СПФ-фактор 15 до 20, додека за оние со бел тен кои се подложни на горење, се препорачува фактор 45.

Иако ретко кои не се, сепак проверете дали лосионот е водоотпорен. Доволно е еднаш да се искапете во водата или поинтензивно да се испотите и да отиде целата заштита. Водоотпорните лосиони се задржуваат на кожата и дејствуваат 80 минути по нанесувањето, без разлика колку често одите во вода.

Многу е подобро да употребувате лосион во вид на гел, за разлика од стандардните кремови. Ваквите лосиони се полесни, не содржат многу масла, не ја сушат кожата, а со тоа нема да предизвикаат компликации со истата. Од друга страна, многу полесно се нанесуваат и се впиваат во кожата.

Како да го нанесете... основното правило за нанесување е дека мора да ги намачкате деловите што ќе ги сончате. Лосионот се нанесува 15 минути пред излегување на сонце. Откако ќе завршите со сончањето убаво истуширајте се за да не предизвикате некакви иритации од предолгото стоење на лосионот на кожата.

Ваквите проблеми се ретки бидејќи и сами знаете дека за време на одморот кожата е особено сјајна и мека. Сепак, не смеете да заборавате по туширањето да нанесете од секојдневниот лосион за да овозможите максимална хидратација.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?