
Оваа сезона во мода се густите и несредени веѓи, но тоа не значи дека ќе ги постигнете ако ги запуштите. И таквите веѓи бараат внимание.
Сепак, шминкерите велат дека не смеете да се ограничите само на веѓите кои се ин, што ако не ви прилегаат? Затоа при обликувањето водете се според обликот на лицето, формата и оддалеченоста на очите и тенот кога зборуваме за нивната боја.
Почетокот на веѓата одредете го со молив или четка, така што ќе го доближите до носницата и до аголот на окото. Онаму каде што моливот ја допира веѓата е местото од каде што треба да почнува. Доколку има влакненца надвор од моливчето, особено помеѓу очите, искубете ги.
Крајот на веѓата ќе го одредите на истиот начин, само што моливот ќе го доближите до носницата и надворешниот агол на окото. Со ова ја одредивте должината на веѓата. За поприроден изглед завршетокот нека биде заоблен, а не остар.
Пред огледало во светла просторија и со добра пинцета, отстранете ги влакненцата што излегуваат од обликот и останатите кои бегаат. Некои луѓе природно имаат убав облик на веѓите, така што немаат потреба од правење конкретен облик. Освен да ги искубат вишокот влакненца.
Отстранувањето на веѓите по туширањето и во насоката во која растат е многу полесно и помалку болно.
Доколку имате ретки веѓи, можете да ги пополните со моливче. Но, никако не цртајте линија од почеток до крај, така ќе изгледате вештачки. Нанесувајте точки на местата каде што ви фали влакно и засенете.
Бојата на веѓите треба да биде двапати потемна од бојата на косата. За тие со црна коса им треба црно моливче, на бринетите со боја на лешник, на црвенокосите златни нијанси на кафена боја, на русокосите што посветли.
За да го одржувате обликот, особено оние што имаат меки веѓи најчесто им паѓаат надолу, треба да ги чешлате. Доколку немате чешел за веѓи, искористете ја четката од исушената маскара. Зацврстете ги со малку лак или гел за коса.
.gif)






















.gif)























