se_faka_za_zadnikotОтстранете го целулитот!
Неколку корисни совети за тоа како може да се решите од најголемиот женски проблем!
kratka110 момчешки фризури за убаво лице
Оваа фризура не крие ништо и цртите на вашето лице ќе дојдат вo прв план.
sjae12 проблема и 5 вистини за негата на косата
Ладната вода ја прави посјајна вашата коса и помага балсамот да делува подобро.
maskinadvorДомашни маски за нега на кожа
Пронајдете ја својата домашна маска која ќе ви даде одлични резултати...

Депилација

depilacija

Денес постојат повеќе начини за тоа како да се ослободите од несаканите влакненца по вашето тело. Секој метод си има свои предности и недостатоци, но најважно од сé е правилната примена.

Ако во минатото се обрнувало внимание само на нозете, денес жените депилираат буквално сé. Почнувајќи од интимните зони, па сé до лицето. Нашите мајки можеби се чудат на ваквата постапка, но и самите признаваат дека денес жените се далеку повлакнести за разлика од порано.

Можеби причината за тоа се крие во исхраната или во воздухот што го дишеме, но нема да навлегуваме во тоа. Ајде да се задржиме на карактеристиките на различните методи за полесно да се одлучите која ќе ја применувате и каде.

Бричење.

Опис: бричењето е најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот метод за отстранување на влакната.

Болка: најчесто е безболно, освен во случај да се исечете. Секогаш користете квалитетен брич и секако крем или масло за бричење наместо сапун.

Зони: соодветни зони што може да ги поминете со брич се нозете и пазувите. На жените што ги бричат и слабините, им препорачуваме подобра опција, топол восок. Во никој случај не посегнувајте со бричот на лицето на пример, брадата, веѓите или меките влакненца над устата.

Недостаток: со бричот се отстранува само делот од влакното над кожата. Коренот останува внатре и во рок од 3 дена се појавуваат нови влакна. Се верува дека со бричењето влакната се згуснуваат. Тоа можеби и не е точно, но со сигурност стануваат поцврсти.

Депилација со восок.

Опис: восокот е смеса што се нанесува на влакната, најчесто во спротивен правец од нивното растење. Со восок влакната се отстрануваат од корен, депилацијата трае 3 недели, а со текот на времето влакното станува помеко.

Болка: болката е далеку поголема отколку при бричењето, но сепак не е нешто што не може да се поднесе. Обично најмногу боли првиот пат за подоцна кожата да се навикне на траумата.

Зони: со восок може да се депилираат сите зони од женското тело. Најмногу се препорачува за интимната зона и за лицето.

Недостаток: оваа метода има најмалку недостатоци. Како најголем недостаток, можеби е цената што треба да ја плаќате во козметичките салони. Секако дека на пазарот можете да најдете восок и да се обидете депилацијата да ја изведете во домашни услови.

Кубење.

Опис: кубењето е метода на отстранување на влакната со помош на пинцета.

Болка: незначителна.

Зони: отстранувањето на влакната со помош на пинцета е пред сé наменето за веѓите, но понекогаш може да се искористи и за отстранување на некое тврдоглаво влакненце што не сака да излезе со восок.

Недостаток: иако со пинцетата влакното се отстранува од корен, сепак не може да се употреби за поголеми површини бидејќи е бавна и напорна метода.

Депилирање со епилатор.

Опис: машинката е збир од повеќе пинцети што работат на струја. Влакната ги вади од корен, еднаш ја купувате и ја имате за подолго време, практична е за носење каде било.

Болка: депилирањето со машинка е речиси најболниот начин за отстранување на влакната. Се појавува чувство на печење и затоа се препорачува кожата да ја истегнете додека се поминувате со епилаторот.

Зони: со епилаторот во секое време можете да ги депилирате рацете и нозете, понекогаш и слабините, но не и целата интима. Главата на епилаторот не се приспособува за да може да ги дофати сите делови од женското тело.

Недостаток: покрај болката, лошото кај епилаторите е што треба да чекате влакното да достигне одредена должина, пред да го употребите.

Кремови.

Опис: кремот е лесен за нанесување, по неколку минути се отстранува со стапче, а со тоа се отстрануваат и влакната. Депилацијата со крем трае нешто подолго од бричењето. Доброто е тоа што нозете ги прави исклучително мазни.

Болка: освен непријатниот мирис, не постои никаква болка кај оваа метода.

Зони: Кремот може да се нанесе речиси на сите зони, но не се препорачува да се нанесува на лице.

Недостаток: освен што не ги вади влакната од корен, овој начин на депилирање може да предизвика иритација и црвенило на кожата. Затоа употребувајте го кремот според упатството.

Отстранување на влакната со електролиза или со ласер.

Опис: методите се изведуваат само во козметичките салони од страна на стручно лице. Влакната се отстрануваат трајно.

Болка: треба да се подготвите бидејќи болката е мошне голема.

Зони: трајното отстранување на влакната може да се изведе без проблем на кој било дел од телото.

Недостаток: третманите се скапи и не се доживотни. По 2 години потребно е да се повтори целата постапка.

 



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Забавете и размислете за се во текот на денот, чекор по чекор. Проверете дали се е во ред за да го направите потегот овие денови, но без акција дотогаш.  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашата одлична енергија ве прави поатрактивни за потенцијалните партнери, работодавачи, па и нови пријатели. Работете правилно и оставете да се прашуваат што уште може да очекуваат од вас.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Пробајте да стигнете до некој нов денес, потребно ви е внимание и адреналин. Одлично време е за среќавање луѓе, дури и онлајн, за да ја изградите вашата мрежа. Tr

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес можете лесно да се ставите во фокусот. Луѓето комуницираат токму на вашата бранова должина и собравте доволно самодоверба за да ја искористите добрата среќа.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Не сте во вообичаеното расположение денес, треба да му дозволите некому да го преземе центарот. Вие посветете се да договорите состанок со тоа слатко момче.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес мора да започнете со нешто ново, не постои друг начин за да ја искористите одличната енергија. Тоа не значи да не завршите ништо, но да направите барем еден нов храбар потег.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Не сте најдобри сега, но сепак можете да го искористите денот на едноставен начин: Не правете ништо! Само јавете дека сте болни, останете во креветот, читајте или гледајте филмови.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Имате тајна и имате нагон да ја кажете. Тоа е правилно, се разбира, но зарем нема да биде добро да ја оставите во себе да расте. Искористете ја енергијата за добри работи.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Дури и кога секој околу вас ве излудува, треба да го избегнете импулсот да им вратите. Половина проблем лежи во различните енергии и не може да биде излекуван сега.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Нови информации доаѓаат на вашиот пат, па искористете ги! Направете си одлична позиција и изберете ролја, имате одлична енергија и јасно ќе гледате.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Вашите друштвени врски мора да ги цените повеќе од обично бидејќи енергијата како да ви тоне денес. Бидете вниматлени со нив и се ќе биде во ред.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Дали знаете кој е навистина на ваша страна? Сега е време да откриете или барем да погодувате. Работите ќе станат чудни и без смисла, но ќе сфатите се.

09-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)