
Како да научите да купувате квалитетен производ за нега на кожата? Парите иако често се проблем, сепак престануваат да бидат кога се работи за вашата убавина. Ако некој производ гарантира дека вашата кожа ќе биде мека и нежна како свила или како кашмир, тогаш вредат парите до последното денарче.
Проблемот е тоа што нема производ што не го вели истото. А од резултатите ни трага. Секако дека постојат исклучоци. Бидејќи навистина има квалитетни производи што ги даваат позитивните ефекти кои ги рекламираат.
Но, најчесто тоа не се големите фирми или оние производи со примамливо пакување. Никогаш не се водете според амбалажата бидејќи таа е само одличен маркетиншки трик. Тоа по што треба да се водите е составот на производот. Створете навика секогаш да го читате составот и упатството за употреба.
Кои состојки треба да ги избегнувате?
Иако звучи неверојатно, но многу производи содржат состојки што со текот на времето се покажуваат како фатални за кожата. На почеток даваат брзи и видливи резултати, но не и на долг рок.
Минерално масло. Минералното масло е состојка која може да се сретне речиси во секој козметички производ. Може да го сретнете и под друго име на пример, петролеј, парафин или вазелин. Минералното масло оневозможува кожата да дише. На тој начин се затвораат порите и почнуваат да се создаваат акни. По подолго користење кожата под нивно дејство почнува да ја губи влажноста и природниот сјај што води кон предвремено стареење.
Естери. Естерите се органски соединенија што всушност претставуваат функционални деривати на карбоксилните киселини. Тие влегуваат во составот на многу природни производи. Го даваат мирисот на повеќето овошја, зеленчуци и цвеќиња, а оттука нашле примена и во козметиката. Но, редовната апсорпција е штетна за клетките на кожата. Постојат и индикации дека естерите предизвикуваат рак на кожата.
Парфем. Нормално дека секој сака да мириса убаво, но не практикувајте и производите за нега на кожа да бидат парфимирани. Ако сакате да мирисате убаво, ставете си парфем, тоалетна вода или спреј за тело. Зошто? Бидејќи парфимираните козметички производи се токсични и канцерогени.
Имајте на ум дека кожата е бариерата што ги штити вашите органи од надворешно влијание. Сé што ставате на неа многу брзо се апсорбира преку порите и доаѓа до внатрешниот организам.
Не дека и парфемите или спрејовите за тело не ги содржат истите состојки, но не верувам дека постои некој што би се откажал од нив. Но, сепак, можете малку да се заштитите бидејќи постои разлика да ставите две капки парфем и да мирисате убаво и да ставите парфимирано млеко на толку голема површина од кожата.
Ацетати. Метил ацетат, бутил ацетат, етил ацетат, сите овие ацетати се редовно присутни во козметичките производи почнувајќи од шампоните, па сé до кремовите и лосионите за тело. Се употребуваат како заштита во самите производи кои се одговорни за нивниот рок на употреба. Ацетатите иако долго време се користат од страна на сите козметички индустрии, сепак сé повеќе стануваат контроверзни. Причината за тоа е што се верува дека пречат во функцијата на ендокрините жлезди, а потврдено е дека предизвикуваат алергиски реакции, црвенило и јадеж.
Алкохол. Етанол, етил алкохол, метанол... не сите алкохоли ги имаат истите карактеристики, но овие што најчесто се среќаваат во козметичките производи се премногу груби за нежната женска кожа. Ваквите алкохоли го намалуваат природниот одбранбен систем на кожата со што таа станува кревка и подложна на инфекции и бактерии.
Следниот пат кога ќе излезете да се подновите со нов крем за лице, тело или сакате да ја збогатите колекцијата сенки, прочитајте колку од овие состојки се присутни. Обидете се да најдете производи во кои ги нема или процентот на нивната застапеност е низок. Останете со нас за да дознаете кои состојки задолжително треба да ги побарате во производот што го купувате...
.gif)






















.gif)























