
Навистина би било одлично кога би немале никаков проблем со кожата на лицето и единствената козметика за на плажа би бил лосионот со заштитен фактор.
Но, за жал, има и такви девојки кои не можат да се одделат од шминката дури и кога се на плажа. Едноставно, не се чувствуваат пријатно, немаат толку многу самодоверба за да се појават покрај толку луѓе без грам шминка.
Иако не се согласуваме, сепак, не ги осудуваме. Сосема спротивното, ќе им понудиме неколку совети за тоа кој е најдобриот начин да се средат за да изгледаат убаво и природно и секако да не бидат најозборуваните девојки на плажата со еден тон шминка.
Минимална шминка. Кога ќе кажеме минимално, значи навистина мислиме така. Плажата е деликатно место и не смее да се претерува. Тоа од што треба да тргнете е да ја заштитите вашата кожата од комбинацијата сонце и шминка.
Убаво исчистете ја и ставете крем со заштитен фактор. Пудра не препорачуваме, туку само коректор. Покријте ги темните подочници и ставете малку на флеките и акните. Внимавајте коректорот да не биде премногу светол со оглед на тоа што кожата ви е потемнета.
Руменилото нека се прелива со кожата. Користете четка и затемнувајте слој по слој. Секогаш е полесно да се достави уште отколку да се избрише вишокот. За на плажа најдобро е да користите течно руменило со розова боја. Се нанесува како крем и убаво се лепи за кожата при што навистина се добива свеж и природен изглед за разлика од тешкото руменило во прав.
Ако сте веќе доволно потемнети, најдобро е да користите бронзер. Бронзерот стои на сончана кожа и одлично се прелива на сончевите зраци. Нанесувајте го со четка само на јаболкцате. Нема потреба да ставате на брадата или на челото бидејќи сепак е ден.
Задолжително водоотпорна маскара.
Најдобро е на очите да не ставате ништо, туку само да ги извиткате со специјалниот виткач или да ги поминете со четката од исушената маскара. Доколку сепак не сакате да поминете без маскара, користете водоотпорна.
За да бидете сигурни дека нема да излезете размачкана од вода, најдобро е да ставите мал слој само на врвовите на трепките. Така окото ќе дојде до израз, а сепак нема да имате тон маскара на тоа сонце.
.gif)






















.gif)























