
Со цел да ви ја олесниме работата при купувањето на козметичките производи што не е ни малку лесно со оглед на големата палета, зборувавме за тоа кои состојки треба да ги избегнувате.
Сетете се, основното правило беше дека при купувањето треба да се водите според упатството, а не по цената или амбалажата на производот.
Овој пат ќе зборуваме за состојките што дерматолозите ги препорачуваат во секој производ без разлика дали е наменет за кожата на лицето или телото.
Но, и тука постои еден трик што големите козметички фирми често го применуваат. Логично е ваквите состојки да чинат многу и за да се заштеди, се ставаат многу малку во самиот производ.
Вие ќе мислите дека сте го пронашле производот што содржи таква активна состојка, но колкаво е нејзиното количество за да има некаков ефект? Оттука стигнавме до второто правило кое вели дека освен што треба да ги побарате состојките за кои допрва ќе зборуваме, треба да внимавате и на процентот на нивната застапеност.
Колаген.
Колагенот е природен протеин присутен во организмот. Тој ја одржува еластичноста, сјајот, отпорноста на кожата. Со текот на времето почнува да се крши, затоа на лицето почнуваат да се појавуваат брчки. Кремовите што содржат колаген се одлични за да се забави таквиот процес и кожата подолго време да остане млада.
Поради ваквото дејство, колагенот одамна се употребува за зголемување на усните и пеглање на лицето од брчките. Сигурно сте слушнале за колагенски инјекции. За да не мора да стигнете до пластичен хирург, нанесувајте го протеинот навреме.
Но, сепак, треба да знаете дека молекулите на колагенот се големи за да можат лесно да продрат во кожата. Затоа, можеби ќе ви треба време да пронајдете крем што ќе го стимулира природниот колаген.
Phytessence Wakame, вид морска трева.
Овој вид морска трева се среќава во Јапонското Море и според истражувањата е една од најдобрите состојки за лицето. Зошто? Функционира на тој начин што го блокира дејството на штетните ензими.
Ензимите најмногу го напаѓаат колагенот и еластинот на кожата, со што кожата добива стар изглед, а околу очите се појавуваат темни кругови.
Cynergy TK.
Клинички е докажано дека оваа состојка ги поттикнува колагенот и еластинот во кожата. Кожата добива природно млад и свеж изглед. Со текот на времето станува поотпорна од надворешните влијанија, а природниот сјај е неизбежен.
Коензим Q10.
Речиси и да нема производ за нега на кожа во кој не е набројан коензимот Q10. Всушност станува збор за витамин кој е присутен во секоја клетка од организмот, а особено е полезен за кожата.
Тој е одличен антиоксиданс кој докажано успешно се справува со слободните радикали што ги прават најголемите штети на кожата. Но, за жал, со самото стареење неговата функција слабее и затоа мора да го надоместите со локална употреба.
.gif)






















.gif)























