
Што треба да знаете за тампонот...
Доколку се одлучите за употреба на тампон, тогаш треба да знаете неколку работи поврзани со неговата употреба. Тампоните може да бидат во различна големина, а најмалите т.н. мини може да ги користат и девојки што немале сексуален однос.
Кои се ваши задолжителни обврски...
Прочитајте го внимателно упатството на производот пред употреба. Покрај сликите што ќе ви помогнат како да го внесете тампонот во вагината, постои и предупредување за опасност од употреба. Станува збор за токсичен шок-синдром кој се јавува во ретки случаи, но може да биде смртоносен.
Пред употребата на тампон, измијте ги рацете. Во некои производи може да најдете и упатство што ќе ви помогне при внесување на тампонот. Тргнете ја заштитната фолија и никако не кинете го конецот кој се наоѓа на дното од тампонот.
Изберете позиција на телото што ќе ви одговара за внесување на тампонот. Некои девојки тоа го прават стоечки, други во клекната позиција. Никако немојте да го внесувате тампонот додека сте на веце-шолјата. Тоа воопшто не е хигиенско и може да навлечете инфекција.
Како да го внесете тампонот...
Внесете го тампонот полека, со тоа што страната со конецот ќе ви остане однадвор. Доколку е правилно наместен, нема да чувствувате болка по неколку секунди. Доколку чувствувате болка при седење или движење, значи дека е потребно тампонот да биде подлабоко внесен во вагината.
Иако изгледа комплицирано, всушност употребата на тампон може да биде истовремено практична и едноставна. Особено ако треба да одите на настан кој од вас бара да изгледате гламурозно, а сметате дека влошката не е вистинско решение за вас.
Летото е период од годината кога употребата на тампонот е зачестена. Сигурно не би сакале да го поминете одморот во хотелската соба и да ги пропуштите сите случувања. Во вакви и слични ситуации тампонот е идеално решение за вас!
.gif)






















.gif)























