purple-fashion5 жешки модни трендови во боја
За вечерните комбинации додадете доза на драматизам со темно виолетова или бордо боја.
cisti_lice_so_sungerКако до чисто лице?
Неколку лесни чекори за беспрекорно чисто лице.
100321-01-givenchy-playforher-1Нов парфем само за неа од Givenchy
Отсега и женска верзија на веќе познатиот парфем Play for Him.
bled_ten_si_gi_pokriva_graditeИмате виснати гради?
Како да направите домашен рецепт против виснати гради?

5 чекори за смоки-изглед

beyonce_smoky_look

Сигурно сте слушнале за smoky eyes. Ваквиот тренд е на модната сцена веќе подолг период и планира да остане уште долго бидејќи девојките се луди по него.

Ќе ви покажеме чекор по чекор како правилно да ги засените очите за да изгледате како мачка:

Многумина мислат дека клучот за ваквото шминкање е во сенчењето, ве уверуваме дека трикот лежи во мешањето на боите. Спојот на боите што се преливаат една во друга без остра граница е вистинскиот начин за очите да изгледаат секси.

Не плашите се да си играте и да комбинирате сосема спротивни бои како црно и бело или сенка со боја на модра слива и беж.  Но, ајде да прејдеме на чекорите за да ви стане појасно:

Ставете подлога.

За сенката да остане подолго време на очниот капак, а не да се собере во линии, мора да се ослободите од природната мрснотија на окото. Затоа ставете малку течна пудра пред да ја нанесете сенката. Професионалните шминкери во светот користат специјална подлога наменета за одржување на сенката. За жал, сé уште  не сме сретнале таков производ на нашиот пазар.

Исцртајте го очниот капак со моливче.

Ако одите на типичниот црн, кафен или сив смоки-изглед, тогаш нацртајте црна линија на капакот врз претходно нанесениот слој од сенка. Внимавајте линијата да биде веднаш до трепките и да биде најтенка во средината на капакот за очите да не бидат премногу отворени. Ако сепак се одлучите сенката да биде темновиолетова, што е полн погодок, ставете темнозелено или сино моливче.

Нанесете моливче на долниот дел од окото.

Долната линија на окото е најважниот дел од кој зависи ваквата шминка. Тука мора да бидете внимателни, не смеете да претерате со затемнувањето, но не и премногу светли тонови бидејќи така нема да го постигнете ефектот. Затоа нацртајте една линија со моливчето и со четката убаво распоредете ја по должината на целото око. За да нема нерамномерности ставете на четката и малку сенка.

Направете контраст со светла сенка.

И претходните 3 чекори се доволни за смоки-очи, но ако сакате да бидат уште повпечатливи мора да направите контраст. На очната коска, веднаш под веѓата, ставете светла сенка во која ќе има сребреникави или златни честички. Сенката е препорачливо да свети и да се прелива за линиите на окото да дојдат до израз.

Време е за сенчење.

Ова е најважната постапка во целата процедура. Потребна ви е добра четка за очи и потемна сенка. Нанесете поголем слој на капакот и покријте ја линијата од моливчето. На крајот од окото ставете уште еден слој за да биде потемен. Завршете го шминкањето со два слоја маскара.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?