
Проблемот со несаканите влакна стана вообичаен речиси за секоја жена, а во последно време сé повеќе мажи водат сметка да бидат мазни. Сите вие секојдневно се борите со силите на природата. Но, што ни преостанува кога и самите повеќе си се сакаме мазни.
Зборувавме за типовите депилација и ако сé уште не сте го нашле соодветниот метод кој ќе ви одговара, прочитајте за секој одделно и што е најважно тестирајте го на себе, само така можете да откриете што е најдобро за вас.
Во денешната статија ќе се задржиме на конкретен проблем. Станува збор за ситните бели влакненца по лицето.
Пред да се одлучите да го депилирате лицето, седнете и добро размислете. Можеби сега имате комплекс и не ви е пријатно од другите, но си наметнувате голема обврска. Добро ќе беше депилирањето да се правеше еднаш, но добро знаете дека не е така.
Земете предвид неколку работи:
Дали сакате да додадете уште една зона за депилирање на која ќе мора да мислите секој месец?
Дали имате доволно пари за константно да го депилирате лицето?
Дали навистина проблемот со влакната е сериозен или можеби претерувате?
Многу полоша варијанта е одеднаш да прекинете со депилирање отколку воопшто да не се депилирате. Замислете што ќе се случи со вашиот изглед ако решите еден месец да направите пауза. Факт е дека по депилирањето влакната стануваат воочливи, потемни и почести.
Ако сепак сте решени да одите до крај и не сакате повеќе да се опседнувате дали некој ве гледа во лицето поради влакната, направете го тоа професионално.
Заборавете на кремовите за депилирање или бричот, освен што се привремени решенија за неколку дена, може да ви направат и проблеми со кожата.
Топлиот восок до некаде е добар бидејќи ќе бидете раат еден месец, а и кожата ќе биде мазна. Но, не очекувајте дека депилирањето на лицето е исто што и депилирањето на делот над устата. Сепак образите се понежни и веднаш се познава дека ги депилирате. Исто така ризикувате со текот на времето влакната да станат поцврсти и темни.
Дефинитивно трајното отстранување на влакната од лицето е најдобар метод. Со помош на ласерот трајно ќе го решите проблемот со влакната. Но, тука се проблем парите. Не секој може да си дозволи трајна депилација, а да не зборуваме дека за некоја година постапката мора да ја повторите.
Заклучок: Кажавме што имавме да кажеме, но пак останавте без конкретно решение. Но, не избрзувајте. Уште од денес почнете да штедите и распрашајте се околу цените за трајната депилација. Консултирајте се со блиските и отворено нека ви кажат дали воопшто имате потреба од таков зафат. Ако треба, издржете некоја година, но излезете задоволна, а не со поголем проблем.
.gif)






















.gif)























