
Солариумот е добра алтернатива за сите што немаат трпение да лежат на плажа и постепено да работат на својот тен. Исто така е одличен за во зимските денови кога нема сонце, а вие копнеете по летниот тен.
Правилата за употреба на солариумот се разликуваат од салон до салон, а има и држави во кои е забранет до 18 години. Меѓутоа, постојат неколку втемелени правила што мора да ги почитувате без разлика што не постојат во салонот.
1 правило: дефинирајте го својот тип кожа бидејќи од тоа зависи дозволеното време за сончање. Ако имате светла кожа или ако првпат посетувате солариум, не можете да се мерите со некој што има темен тен.
2 правило: следете ги упатствата што задолжително мора да ги има во секој салон. Особено внимавајте на времето одредено за вашиот тип кожа.
3 правило: солариумот не се препорачува на девојки под 16 години, ниту на оние кои имаат некаква кожна болест. Консултирајте се со дерматолог за тоа дали смеете да посетувате солариум.
4 правило: доколку сте алергични на УВ-радијација, тогаш не смеете да одите на солариум.
5 правило: неколку часа пред изложување, извадете ја шминката и накитот.
6 правило: доколку примате некаква терапија, распрашајте се колку е дозволено да одите на солариум. Некои лекови ја зголемуваат чувствителноста на кожата од УВ-зраците.
7 правило: солариумот е штетен за очите, затоа практикувајте да ги ставате специјалните очила кои штитат од УВ-зраците. Ова особено важи за тие што претходно имале операција на очите.
8 правило: солариумот е дозволен исклучиво еднаш во денот, а годишно се дозволени околу 50 посети. Честата посета може да предизвика кожата да изгори.
9 правило: лосионите за самопотемнување и солариумот не одат заедно. По секоја посета на солариумот практикувајте да се туширате и да ставите само хидратантен лосион.
10 правило: доколку се здобиете со изгореници или меурчиња, консултирајте се со лекар!
.gif)






















.gif)























