
Како што споменавме пред некој ден, оваа сезона може да се поштедите од комплицираното негување на долгите нокти. Но, што ако не сакате да се откажете? Нормално дека ќе има девојки на кои нема да им се допадне последниот моден тренд.
Ако и вие сте една од нив, останете тука за да дознаете сé околу одржувањето и продолжување на рокот на акрилните нокти. Сепак, не се евтини за да паднат за помалку од недела дена!
Како да го продолжите рокот на траење на вештачките нокти?
Многу е подобро да се одлучите за не многу долги нокти. Ем полесно ќе ви биде да работите ем ќе го поштедите природниот нокот од стрес.
Користете ракавици додека чистите, особено ако миете садови или ја чистите бањата. Средствата за хигиена на домот го јадат акрилот и нокотот ќе се скрши за брзо време.
Отстранувајте го лакот со средство што не содржи ацетон. Избегнувајте контакт со козметички производи на база на алкохол бидејќи тој го суши и го пожолтува акрилот. Но, може да ги чистите ноктите со 100 % алкохол за да спречите развој на бактерии.
Како да го задржите лакот подолго време?
Лакот од акрилните нокти потешко паѓа за разлика од природните. Затоа советот може да го практикувате и во двата случаја. Што треба да сторите? 10-ина минути чувајте ги ноктите во јаболков оцет, оставете ги да се исушат, па лакирајте се. Оцетот ќе ја собере природната мрснотија од нокотот, така што лакот ќе се впие директно на нокотот.
Како сами да ги извадите акрилните нокти?
Постапката трае околу 30 минути, но не е невозможно да се извадат.
Земете остро ноктарче (грицкалка) и скратете ги ноктите колку што можете покусо. Во сад истурете ацетон. Чувајте ги ноктите неколку минути. Потоа ставете од ацетонот на памук и чувајте го на секој нокот. Акрилот под дејство на ацетонот ќе почне да се распаѓа. Нежно, со помош на стапчето за туркање кутикули откорнете ги вештачките нокти.
.gif)






















.gif)























