
Шминката не можете да ја исчистите само со сапун и вода. Така само ќе го тргнете првиот слој од нечистотија, но сетете се дека течната пудра продира и подлабоко во порите. Затоа потребни ви се козметички производи и за таа намена.
Не смеете да си дозволите навечер да легнувате со шминка. Кожата нема да може да дише и веднаш ќе се појават митесери. Но, како да направите отстранувањето да оди брзо и при тоа да не ја триете кожата и да изгубите дел од трепките?
Ајде да ги разгледаме клучните точки, што треба да ги имате на ум секогаш кога ќе застанете пред огледало да ја вадите шминката:
Маскарата е најтешка за вадење. Сигурно многу се јадосувате кога ќе видите дека ви паднале 2-3 трепки. Уште ако користите и водоотпорна маскара, е тогаш имате работа. Основно правило е дека мора да бидете нежни.
Бебешките шампони се одлична замена за лосионите за вадење маскара. Зошто? Не предизвикуваат печење и солзење на окото. Капнете неколку капки на памукче или на показалецот, затворете го окото и нежно масирајте ги трепките. Исплакнете со вода.
Истото можете да го направите и со маслиново масло. Маслиновото масло е нежно за кожата, не содржи никакви штетни супстанции и е одличен антиоксиданс. Затоа се препорачува за очите како најнежен дел од лицето.
Бидејќи поголемиот број од лосионите за вадење шминка се растворливи во масло, мора да најдете квалитетен и хранлив за кожата. Многу подобро е шминката да ја вадите со маслен лосион отколку со алкохолен. На пример, бебешкото масло е одлично за вадење на сите остатоци од шминката како коректор, руж, пудра...
Ставете на памукче и поминете го целото лице. Потоа не мора да користите лосион за миење, само исплакнете го со вода.
Но, за да не се мачите да набавувате маслиново масло, бебешки шампон или масло, купете специјализирани производи за отстранување шминка. Внимавајте на една работа, спецификациите на амбалажата не залудно се напишани.
Отстранувачот за маскара е само за маскара, нема логика да го нанесувате и на лицето. Очите лесно ќе се иритираат ако ги чистите со лосион за кожа. Изберете понежни производи, премногу силните ќе ја одземат хидратацијата на кожата.
Споделете го со нас вашето искуство со некои од овие производи, доколку го имате. Можете да препорачате и некој друг, со цел да го издвоиме најдобриот.
.gif)


































.gif)























