
Долги и интензивни трепки се сон на секоја жена. Денес и таквиот сон стана јаве бидејќи некој се сетил да измисли вештачки трепки. Доброто кај вештачките трепки е тоа што можете да ги ставите сами. Ако зборуваме за оние во снопчиња, тогаш е подобро да посетите салон.
Уште една позитивна работа кај вештачките трепки е тоа што ќе ве поштедат од секојдневното шминкање за на работа или на факултет. Доволно е само да им ставите маскара и вашите очи ќе се отворат и ќе изгледаат привлечно како да имате вечерна шминка.
Во зависност од ефектот што сакате да го постигнете, на пазарот може да најдете од оние што се најдолги на краевите, со иста должина или комбинирани трепки од кратки и подолги влакна. Тоа на што треба да обрнете најмногу внимание е лепилото. Поквалитетното значи и подолготрајни трепки.
Како да ги залепите вештачките трепки?
Прв чекор: Ако не ви се допаѓа должината на трепките или, пак, сметате дека се премногу густи и дека поради тоа нема да изгледаат природно, изретчете ги. Нежно, со пинцета откорнете ги непотребните влакна и скратете ги со ножички.
Втор чекор: Измијте ги очните капаци со гел за миење лице пред да ги нанесете трепките. Тоа е добро бидејќи ќе ги отстраните нечистотиите и мрснотијата што може да го одбијат лепилото.
Трет чекор: Исчистете ја заднината на трепките од сите вишоци или лепило што можеби останало во текот на изработката. Ставете тенка линија лепило. Малку повеќе стиснете на краевите од трепките бидејќи тие се клучните точки.
Четврти чекор: Со раце или со пинцета, сами проценете како сте попрецизни, залепете ги вештачките трепки. Гледајте тоа да биде што поблиску до линијата на природните трепки. Ако ви е првпат, почнете да ги лепите од почетокот на окото, па сé до крајот.
Петти чекор: Додека лепилото сé уште не е исушено, со задниот дел од четката за сенка, наместете ги трепките во точната позиција што ја посакувате.
Шести чекор: За трепките да изгледаат природно, нанесете слој маскара, а на капакот, веднаш до нив нацртајте тенка линија со креонот, а може и со туш.
Екстра совет: Не фрлајте ја кутијата од вештачките трепки. Тогаш кога нема да ги носите, сместувајте ги таму бидејќи така нема да ви се прекршат.
.gif)






















.gif)























