
Без разлика дали бојата е светла како небото или темна како морското дно, сините очи секогаш имаат потенцијал да сјаат фабулозно. Тајната лежи во соодветната шминка која треба да ги истакне, а не да ги засени очите.
Основното правило во шминкањето беше дека не смеете да користите сенка со боја на вашите очи. Со креонот се истакнува линијата на окото, но сенката најмногу влијае за истакнување на бојата на очите. Ова особено се забележува кај сините очи бидејќи најлесно може да се игра со нивните нијанси.
За небесносини очи...
За синото око да биде поотворено и светло, употребете сребрена или светлосива сенка. За да не изгледате болежливо, на краевите засенете со темна сенка. Со четката нанесете малку црна сенка или кафена и затемнувајте директно на крајниот дел од капакот и малку под него.
За морски сини очи...
Ако сакате сините очи да бидат затемнети, а со тоа и мистични, употребете виолетова сенка. Нека биде потемна, а може и со нијанса на модра слива. Речиси сите виолетови тонови добро прилегаат на сините очи. А за оваа сезона дефинитивно во тренд се виолетовите смоки-очи.
За живи и секси сини очи...
Нијансите на кафено, со гаранција овозможуваат секси сини очи. Сините очи и онака повеќе се забележуваат, но живоста на бојата уште толку доаѓа до израз кога ќе дојдат во допир со кафено. Земјената кафена влијае да се истакнат сите сини дамки на окото. Со темната кафена ќе постигнете да имате мачкини очи.
.gif)






















.gif)























