trakaТраките за коса повторно IN: 18 предлози
Од траки со цветови, машни, тантела, монисти во вид на плетенка, платнени, позлатени и какви уште не.
maska_zlatna_za_liceЧувствителност на кожата
Како да знаете дека имате чувствителна кожа?
kosice06 навики кои ја убиваат вашата коса
Ако сакате вашата коса да биде сјајна и здрава тогаш не ја изложувајте на високи температури.
tasna_copy_copy_copy 4 идеи за вашиот нов моден стил
Бидете и вие девојката која се дрзнува да излезе од колосекот на последната мода која диктира униформност.

Митови и факти за ласерска депилација

laser_1_treatment

Трајната депилација е достапна и за жените во Македонија. Цената не е за потценување, но ништо не е скапо ако тоа значи дека трајно ќе се решите од влакната. Замислете си да не мора секој месец да закажувате депилација во салоните, а да не зборуваме за тоа колку е напорно депилирањето во домашни услови.

Но, колку ние можеме да си го допуштиме ваквиот луксуз? Колку всушност чини ваквиот зафат и дали инвестицијата е исплатлива? Цените зависат од деловите кои сакате да ги депилирате. Конкретно за лице еден третман се движи од 800 до 1000 денари.

Проблемот е тоа што на телевизија сме бомбардирани со куп реклами за ласерското депилирање, ваква метода, онаква метода, но ниту една не дава одговор на прашањата што не мачат. Од искуството на неколку клиенти и информациите на професионалците, ви ги нудиме неколкуте вистини за овој револуционерен зафат.

Мит: зрачењето од ласерската депилација е штетно!

Факт: ласерската светлина е фокусирана само на фоликулите во кожата односно на пигментот, меланин. Практично станува збор за долготрајно уништување на влакното, другите делови од кожата се потполно заштитени.

Мит: не е добро ласерски да се отстрануваат влакната под пазуви или околу дојките бидејќи тука има многу жлезди!

Факт: ласерот не пробива до ткивата кои се наоѓаат под површината на кожата, затоа во никој случај не може да им наштети. Методот на трајна депилација е потполно безбеден за сите делови на телото, освен за делот околу очите.

Мит: третманот се прави само зиме!

Факт: резултатите подобро се постигнуваат на кожа со природен тен, но слободно можат да се изведат и во летниот период. Постои само едно правило, да не се изложувате на сонце или солариум неколку дена пред и после третманот.

Мит: ласерот може да ја изгори кожата, да направи трајни дамки и флеки!

Факт: несаканите ефекти нема да настанат доколку со ласерот работи стручно лице што добро ја познава својата работа. Разгледајте ги понудите, а најмногу обрнете внимание на условите и гаранцијата што ви ја нуди салонот.

Мит: ласерската депилација е забранета на луѓето со хормонски пореметувања!

Факт: 60 % од клиентите се луѓе кај кои под дејство на хормоните се појавила видлива длакавост по телото. Што значи ова е вистински спас за сите оние девојки што имаат комплекс поради многуте влакна.

Мит: ефектот од ласерската депилација трае само 2 години!

Факт: причината за овој мит е тоа што на почеток се појавија многу третмани со ограничено дејство и што бараа повторување на постапката многу пати. Поновите ласери гарантираат траење од минимум 6 години, а во иднина се очекува и повеќе.

Мит: нема гаранција, нема резултати!

Факт: најчесто поставувано прашање е, Дали давате гаранција? Гаранција за овој третман, и за останатите слични третмани, не постои никаде во светот. Никој не може да ви гарантира дека утре нема да ви пораснат влакна. Сечија природа е различна.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?