
Секој шминкер ќе ви потврди дека со зелените очи е навистина забавно да се работи. Зошто? Изборот на сенки е неограничен, а што е најинтересно добро им стојат сите нијанси на зелено што не е случај со сините очи.
Овие совети се наменети скоро за сите нијанси на зелени очи. Но нема подобро од тоа сами да се уверите и да му верувате на сопствениот вкус. Не сте должни да ставате нешто само поради тоа што некој стилист кажал дека е екстра.
Предлог сенки за зелени очи!
За вечерен гламурозен изглед:
Пробајте со повеќе нијанси на кафено, особено со чоколадните сенки. Ставете од чоколадната сенка на капакот, на краевите засенете со темно зелена сенка, а на долниот дел од окото повлечете линија со златно моливче.
За дневен, но уникатен изглед:
Зелените очи потсетуваат на камелеон. Ги менуваат нијансите според добата на денот. Преку ден се нежни и прозрачни. За да ги направите уште понежни ставете сенка со боја на кајсија, јака портокалова, а може и беж. Комбинација на сенки која не смеете да ја пропуштите е портокалова сенка со азурно зелено моливче.
За специјални и незаборавни моменти:
Темно виолетовата сенка, металик виолетова или онаа со боја на зелена слива се одлични за стемнување на зеленото око. Очите добиваат неприродна нијанса или боја на маслинка. Навистина изгледаат неповторливо. Останатите ќе помислат дека носите леќи.
Сенки кои треба да ги избегнувате!
Кога веќе сме тука, можеме да спомнеме и кои бои се неприфатливи за зеленото око.
Да почнеме со сината. Сите нијанси на сино, без разлика дали е темно или светло, па дури и виолетовите и сивите сенки со син прелив, се неприфатливи за зелените очи.
Розовата. Розовата сенка навистина ретко добро стои на девојка со зелени очи. Најчесто им стои на оние девојки кај кои е тешко да процените дали бојата е сина или зелена. Но ако зборуваме за јасно зелени очи тогаш розовата сенка не доаѓа во предвид.
Сребрена. Заборавете и на сребрената сенка,оставете им ја на сините очи.
Препорачливи креони!
Црното моливче не се препорачува, но ако не можете да му одолеете, користете го. Најмногу ќе ви се најдат кафените, златните, а може и белите моливи.
.gif)






















.gif)























