
Проблеми со ноктите, кожата, целулитот, подочниците... колку жени толку маки. За жал не можете да имате се. Дали ви се случило кога ќе погледнете во слика од убава жена да си речете, е овде природата давала, давала, дури се заборавила?
Верувајте, ни тие не се ништо подобри од вас. Покрај одличниот фотошоп, имаат цел тим на располагање. Можеби вие немате, но затоа ги имате нашите совети кои ќе ви помогнат да решите неколку мали нешта, но за сметка на големи задоволства.
Лузни.
За белите, и не толку длабоки, лузни можете да користите специјална крема, на пример Dermablend од Vichy или Contractubex. За црвените пак, ставете подлога со зелени пигменти. За лузните од акни, најдобри се кремите со овошни киселини. За да спречите појава на лузни, на раните, ставајте фластер додека да заздрават.
Отечени капаци.
Уште од вечерта подгответе облоги од црн чај. Утрото кога ќе станете, ставете ги на очните капаци да делуваат најмалку 5 минути. Потечените очни капаци се знак дека внесувате малку вода, а јадете премногу сол. Затоа намалете со солта, а јадете што повеќе овошје и внесувајте течности. За преку ден, покријте ги со коректор.
Акни.
Штом видите дека местото се зацрвенува и знаете дека треба да се појави акна, земете едно зрно грозје и тријте го на местото. Грозјето содржи овошни киселини кои се одлични за ваква намена. Акните се поврзани со зголеменото излачување на лојните жлезди. Затоа практикувајте пилинг кои содржи ментол. Доколку вашите акни се поврзани со менструацијата, неколку дена пред да добиете, заборавете на ноќната крема. Кожата и онака е доволно масна под дејство на хормоните.
Изразени вени.
За да ги камуфлирате потечените вени или испуканите капилари, нанесете млеко за самопотемнување или ставете од она бронзеното со светки. Потечените вени се израз на слаба циркулација и неподвижност. Почнете почесто да се движите и туширајте се наизменично со топла па ладна вода и масирајте се со чај од камилица.
.gif)






















.gif)























