centar_za_ubavinaMир и убавина на едно место
„Афордита-С" додава уште еден дел во мозаикот за убавина...
AP081015053259Уметноста на нанесување парфем
Што е дозволено, а што не?
tatooedНовата тетоважа има потреба од нега!
Покрај отсуство на инфекциите, негата гарантира поубава и повпечатлива тетоважа.
ocite1Најдобрите совети за шминка на очите
Погледот заведува и погледот кажува многу, па затоа време е да ги истакнете вашите очи.

Мисија: потрага по невестински фустан

42-23253389

Пред вас е најпосакуваниот предизвик, купување невестински фустан. Си ја завршивте домашната задача, исековте неколку слики од списанијата, симнавте и од интернет и знаете што сакате. Но дали навистина е така?

Токму кога ќе помислите дека имате визија во глава, ви текнува нешто ново. На крајот завршувате збунета пред кројачката и барате: ракави како од првата слика, корсет како од втората, а да има ракавици...не што ќе ви се...ми мириса дека ќе си останете без фустан.

КАКО СЕ КУПУВА НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН?

Нормално, одите во бутик за венчаници и купувате. Ако сте толку решителна, тогаш вашето момче е вистински среќлија. Да не се залажуваме, поголем е бројот на тие што сакаат да бидат уникатни и што одат на опцијата шиење.

6 ЧЕКОРИ ДО ЦЕЛТА:

СРЕДБА СО КРОЈАЧ. Колку и да сте зафатени мора да одвоите време да направите мало истражување. Распрашајте се за цените, квалитетот, флексибилноста на кројачката. Само вака ќе можете да се поштедите од непријатности и правење корекции на фустанот.

МОМЕНТОТ НА СРЕДБАТА.

Кого да поведете...? Сите ќе сакаат да дојдат со вас, вашата мајка, пријателките, па сè до свекрвата. Од искуството на неколку невести со сигурност ви велиме дека што помалку луѓе тоа подобро. Сите ќе го кажат своето мислење, а конфузијата во главата само ќе расте и на крајот ќе завршите во фустан што нема врска со вашиот вкус. Најпаметно е на првата средба да ја викнете личноста на која најмногу ѝ верувате и за која знаете дека ќе ви даде искрен одговор. Но, за другите да не се почувствуваат запоставени, поведете ги на пробите.

Што да понесете...? Ако планирате да носите хулахопки на свадбата, дојдете облечени во нив за да видите како ќе стои фустанот. Паметно е да го облечете и градникот бидејќи тој често знае да биде проблем. Можеби сè уште немате купено чевли, но облечете какви било, важно да бидат на висината што планирате да ја носите на денот на свадбата.

Информации за споделување...? На првата средба секогаш следи запознавање со кројачот. Потрудете се да кажете што повеќе детали за вашата свадба. За тоа дали свадбата има тема по која се водите, дали се работи за пролетна или зимска свадба, како ќе биде накитен ресторанот...сè што мислите дека може да ѝ помогне за да добие точна визија.

Дојде на ред и фустанот... Најважно од сè е да ѝ кажете со колкав буџет располагате. Што значи од почеток сте елиминирале понуди што не ви одговараат. Понесете ги со себе сликите за да ѝ покажете што барате. Пробајте неколку од готовите фустани, со сличен крој како од фотографиите. Друго е на слика, а друго е кога ќе пробате. Бидете отворена да слушнете и некој нејзин совет. Нејзиното искуство може многу да ви помогне. Но, ако видите дека има сосема погрешна претстава за тоа што сакате, со смирен тон повторно објаснете ѝ.

ПО ИЗВЕСНО ВРЕМЕ...

Го облековте фустанот и сега имате проблем. Не можете да се одвоите од огледалото. Честито, успеавте да го најдете својот фустан од соништата. Ова ќе биде неизбежно ако не се плашите од предизвикот.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?