
Со самиот факт што се на лицето веѓите влегуваат во листата на задолжителната нега. Може да имаат различна форма и дебелина, а со тоа влијаат на промена на изгледот. Од тие причини познатите средувањето на веѓите го оставаат на професионалците. Вие сигурно ги средувате сами дома и знаете дека еден погрешен потег и отиде нивниот совршен изглед.
Дали некогаш ви се случило по грешка да откорнете влакненце плус на веѓите? Иако едно, доволно за да направи беља. Работата е во тоа што не можете да сторите ништо за тоа, освен да чекате да порасне.
Секоја девојка има карактеристични црти на лицето што дополнително може да се истакнат преку совршено средените веѓи. Единствениот проблем е постигнување еднаквост на веѓите. Особено ако ги средувате сами, тогаш тешко ќе можете да ја согледате разликата.
ШТО МОЖЕ ДА СТОРИТЕ СО УНИШТЕНИТЕ ВЕЃИ?
Бидете трпеливи...ако имате кркми, носете ги напред барем додека да пораснат.
Влакненцата почнуваат да растат и на почетокот се појавуваат како ситни, црни точки. Ова е неизбежно кај жените со јаки влакна. За да не изгледаат лошо, покријте ги со малку пудра.
Ако ја уништивте едната веѓа, не значи дека треба и другата намерно да ја уништите. Средете ја, а влакненцата што недостигаат нацртајте ги со моливче со боја на веѓите. Купете си едно, ќе ви служи долго време, а ќе ви се најде и при шминкањето за исцртување и истакнување на веѓите.
Сенките се уште еден начин за да ја подобрите формата на веѓите, а без да ги корнете со пинцета. Изберете нијанса најблиска до природната боја на веѓите и со помош на четката обликувајте ги.
КАКО ДА ИЗБЕГНЕТЕ ГРЕШКИ ВО КУБЕЊЕТО НА ВЕЃИТЕ?
Реално, колку и да бидете претпазливи, кога тогаш ќе ви се случи да погрешите. Но, тоа не значи дека не постојат правила за кубење.
- Важно е просторијата да биде осветлена, по можност со дневна светлина што значи најдобро е да се кубете преку ден.
- Користете квалитетна пинцета.
- Работете полека и претпазливо, а секогаш можете да ги одвоите со моливче влакненцата што се за кубење.
- Кубете се пред огледало што зголемува за точно да имате увид во работата.
.gif)






















.gif)























