
Сината сенка најдобро им стои на девојките со сини очи, но ако сметате дека добро ви стојат и на вас со кафени и зелени, слободно можете да се обидете да се нашминкате поинаку. Со оглед на големата палета сини сенки, еве неколку предлози како да се нашминкате со нив.
ЛУСКУЗНА ЗЛАТНОСИНА.
ШТО ДА БАРАТЕ...сина сенка со златни честички или морска сина сенка и златен туш.
ЕФЕКТ...вашите очи ќе изгледаат како морска вода на зајдисонце. Елегантен изглед за совршена зимска вечер.
КАКО ДА СЕ НАШМИНКАТЕ...на капакот нанесете од сенката, со четката разнесете ја до веѓите. До трепките можете да ставите уште еден слој за да добиете потемна линија. Ставете тенок слој и под долните трепки. За очите да изгледаат покрупни, исцртајте ги со темносино моливче. На крајот повлечете тенка линија со златниот туш.
ЕЛЕГАНТНА МАРИНСКО СИНА.
ШТО ДА БАРАТЕ...најтемната сина сенка што можете да ја најдете во градот.
ЕФЕКТ...таинствената темно сина сенка е одлична замена за црната вечерна сенка.
КАКО ДА СЕ НАШМИНКАТЕ...целиот капак засенете го со темносината сенка, а ставете и малку под окото. За уште подраматичен поглед исцртајте го окото со црн креон. На јаболкцата ставете малку портокалово руменило, а на усните безбоен сјај.
СВЕТЛА РОЈАЛ СИНА.
ШТО ДА БАРАТЕ...медиум светлосина сенка.
ЕФЕКТ...минималистички ефект за дневна варијанта.
КАКО ДА СЕ НАШМИНКАТЕ...за да постигнете што подобар ефект, помешајте ја сенката со малку вода, а потоа со тенка четка повлечете линија до трепките. За уште повпечатлив изглед под веѓите ставете сребрена сенка. На горните трепки ставете сина маскара, а долу црна.
ЛЕЖЕРНА ЏИНС СИНА.
ШТО ДА БАРАТЕ...сенка со боја на син тексас, по можност течна.
ЕФЕКТ...сјаен изглед што изгледа свежо и женствено.
КАКО ДА СЕ НАШМИНКАТЕ...потрудете се рамномерно да ставите од сенката на капакот. Под окото ставете потемно сино моливче. Завршете го шминкањето со подебел слој црна маскара.
.gif)






















.gif)























