
КОЈ ЈА ОТКРИ МЕЗОТЕРАПИЈАТА?
Одговорен за ова револуционерно откритие е францускиот лекар Michаеl Pastor, кој докажал дека лековите многу поефикасно дејствуваат ако се вшприцуваат директно во кожата во таканаречените проблематични зони. Оттогаш мезотерапијата наоѓа широка примена во повеќе области како ревматологија, спортска трауматологија, естетска медицина...
ЗА ШТО НАЈЧЕСТО ЈА КОРИСТАТ ЖЕНИТЕ?
Кога ќе спомнеме мезотерапија, тоа веднаш асоцира на проблемот со целулитот. Причината за тоа е што жените насекаде во светот станаа зависни од својот нов пријател. Мезотерапијата се покажа како најуспешната и најбезболната метода што дава трајни резултати.
КАКО ФУНКЦИОНИРА МЕТОДАТА?
Методата се состои од инјектирање коктел со помош на микроигла во средниот дел на кожата, дерм. Коктелот се прави индивидуално за секој пациент во зависност од степенот на целулит.
Основните супстанции содржани во коктелот влијаат на тој начин што:
1. ја забрзуваат периферната циркулација
2. ја зајакнуваат лимфната дренажа
3. ги топат површинските масти
4. го обновуваат оштетеното сврзувачко ткиво како колагенот, еластинот, супстанциите што влијаат на тонусот, влажноста на кожата и многу други.
ДАЛИ МЕТОДАТА Е БЕЗБЕДНА?
Не може да се негира фактот дека процедурата е комплексна и од тие причини им се доверува на професионални лекари. Што значи не смеете да дозволите овој зафат да го прави некој лаик од многуте салони за разубавување.
Лекарот мора да знае сè во врска со вашата здравствена состојба. Ако работите со искусен лекар, тогаш нема ни да го почувствувате боцкањето. Ако, сепак, се плашите од болка, тогаш може да побарате локална анестезија што обично се дава 45 минути пред интервенцијата.
По третманот пациентот ќе почувствува топлина, печење и јадеж на третираните делови. Понекогаш може да се јави и црвенило и оток. Сите наведени симптоми ќе исчезнат за околу 48 часа, освен модринките за кои треба подолго време.
ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА МЕЗОТЕРАПИЈА:
Третманот им се забранува на трудниците, доилките, лицата со покачен крвен притисок и слабо срце вклучувајќи ја аритмијата и тахикардијата.
Третманот се повторува по пауза од 7 до 10 дена и пожелно е да се направат барем 10 третмани. Притоа задолжително треба да се земат предвид индивидуалните реакции на секој организам.
Мора да се почитува принципот на локалност, тоа значи дека не може со еден третман да се опфати поголем регион или повеќе региони одеднаш. Правилото за бавна и постепена постапка ќе донесе највидливи резултати.
.gif)






















.gif)























