
Зошто карминот добива друга боја откако ќе го ставам на усните?
Секоја од вас има различни усни чија подлога влијае на нијансата на карминот. Природната боја на усните може да го осветли карминот, а може и да го направи поинтензивен - објаснува шминкерката Laura Mercier ; тоновите варираат од сина до боја на праска. Истиот феномен се случува и со бојата за коса. Не можете да очекувате дека бојата во каталогот ќе биде идентична и на вашата коса.
Зошто на ноктите се појавуваат бели точки?
Затоа што имате недостиг од калциум - МИТ. Белите точки не се резултат на недостиг од калциум, станува збор за оштетување. Токму во периодот на формирање нови клетки, сте го потиснале нокотот затварајќи ја вратата или фиоката. Тука не мислиме на силна болка, и малиот притисок е доволен за да се појави бела точка - објаснува Jan Arnold, експерт за маникир.
Зошто мажите немаат целулит? Не е фер!
Ова не е вистина, сè поголем е бројот на мажи што се соочуваат со целулит, а уште повеќе со стрии. Стомакот е најкритичната зона, но ретко се забележува, особено ако мажот е влакнест. Но, факт е дека мажите се помалку склони кон создавање целулит на задникот и на бутините - вели дерматологот Jeannette Graf.
Зошто камерата додава плус килограми?
Леќата на камерата не се две очи за да креира длабока перцепција и перспектива, затоа го шири објектот како палачинка - објаснува Bill Diodato, моден фотограф. Затоа тој ви ја нуди идеалната поза: застанете со лицето и телото под благ агол, а не право. Трик што го користат моделите за да спречат дебел подбрадок: притиснете го јазикот во горниот дел од вилицата.
Зошто ист парфем различно мириса кај луѓето?
Тоа има врска со типот на кожата, вели Christopher Sheldrake, експерт за парфеми вработен во Chanel. Парфемите мирисаат помоќно кај жените со мрсна кожа за разлика од кај оние со сува кај кои е подискретен за околината.
Зошто правиме смешни фаци кога нанесуваме маскара?
Тоа може да се објасни како инстинкт за приспособување, објаснува шминкерот Chuck Hezekiah. Кога ставаме маскара, автоматски ја отвораме устата, со тоа и очите се отвораат подобро. Трепкањето е намалено бидејќи ветерот послабо допира до окото и ставањето на маскарата е лесно изводливо.
.gif)






















.gif)























