
Во ладните денови обично повеќе внимание обрнуваме на лицето, додека во лето се сеќаваме и на телото. За да си ја олесните работата лете, почнете со негата уште од сега. Козметичките куќи имаат решение речиси за секој естетски проблем. Почнете со нивна употреба уште денес, а резултатите очекувајте ги летоска.
Привлечен грб...
Грбот е најтешко достапен и заради тоа му обрнуваме најмалку внимание. Секојдневната нега е првиот чекор за секси грб. На грбот се лоцирани голем број лојни жлезди што се одговорни за формирањето на митесерите.
ПРЕПОРАКА: со помош на мека четка или ракавица, тријте го грбот со средство за капење што содржи пилинг- гранули. Бидете внимателни да не ја нарушите природната pH-вредност на кожата. Нежно избришете се и ставете млеко за тело.
Цврсти гради...
За градите убаво да изгледаат, неопходно е кожата да биде еластична и затегната. Градите се дело на природата, но со вежбање, внимателна масажа и топол-ладен туш и може да се придонесе за изгледот да се подобри.
ПРЕПОРАКА: Во Avon, а сигурно и во другите фирми има и специјални кремови за затегнување на градите. Побарајте во составот да има глицерол бидејќи тој е најефикасен.
Затегнат стомак...
Целулитот, стриите и виснатата кожа се најчестите проблеми поврзани со стомакот, што се влошуваат со породувањето.
ПРЕПОРАКА: комбинацијата од вежби и козметички производи се идеален начин за да го вратите некогашниот изглед на стомакот. Не фрлајте пари по салоните. Купете си од кремовите за целулит, ставајте редовно, вежбајте 15 минути во денот и несомнено ќе ја поправите ситуацијата.
Обликуван задник...
За убав задник за почеток мора да се ослободите од масните наслаги, целулитот и стриите. Верувале или не, задникот се состои од еден мускул, така што и со наједноставните вежби можете да го затегнете.
ПРЕПОРАКА: во текот на туширањето практикувајте да го масирате задникот за да ја поттикнете циркулацијата. Потоа нанесете крем против целулит или повторете ја масажата со хидратантно млеко за тело.
.gif)






















.gif)























