
Општо е познато дека парфемот го нанесуваме на таканаречените "жешки места"- главните пулсирачки точки на нашето тело: позади уво, колена и позади рачни зглобови. Тие се зоните што ги интензивираат мирисите.
Дозволено:
Пулсирачките точки особено се идеални за нанесување на мирисите во облик на екстракти, бидејќи ја задржуваат нивната долготрајност.
Најдобро е парфемот да го нанесувате на голо тело, после туширањето на влажна кожа. За најголема трајност е најубаво да ставате малку млеко за тело исклучиво од истата марка како и вашиот парфем.
Идеален начин за нанесување парфем е да го испрскате во воздухот и да се стрчате под облакот од прав. Мирисните честички веднаш ќе се залепат на вас.
Доколку ставате парфем и на косата, сторете го тоа додека е водена.
Недозволено:
Не ставајте парфем на облеката бидејќи може да ви се појават жолтеникави дамки. Доколку се работи за посилен парфем можно е и тешко да се испере, а тоа ќе ви претставува тешкотија ако сакате да го смените.
Никако немојте да ставате парфем на неизмиена коса бидејќи ќе дојде до мешање на мирисите.
Немојте да ги триете рачните зглобови, така не го зголемувате мирисот, само ги кршите неговите молекули.
Правете разлика помеѓу летните и зимските парфеми.
Внимавајте со количеството, не истуријате го целото шишенце на себе ако не сакате другите да ги заболи глава.
Одвреме-навреме сменете го парфемот, бидејќи е докажано е дека влијае на расположението. Користете еден парфем најмногу 5 месеци. Најубаво е да ги менувате со смената на годишните времиња.
За ова лето ви ги препорачуваме:
.gif)
































.gif)























