
И покрај рестриктивните диети и макотрпното вежбање, не можете да се ослободите од масните наслаги на стомакот, половината, колковите...
Во вакви случаи можеби е подобро да заштедите пари и да се обидете со некоја од новите методи што ветуваат трајно решение. Пред извесно време ви ја посочивме мезотерапијата, а сега ќе издвоиме простор и за втората опција.
КАКО ФУНКЦИОНИРА МЕТОДАТА?
Со помош на микроинјекција, директно во масното ткиво се внесуваат ензими (липолитици) што доведува до разградување на масните наслаги. Значи кај оваа метода, за разлика од мезотерапијата, ензимите се вшприцуваат многу подлабоко.
ШТО Е СО РИЗИКОТ?
Со липотерапијата масните наслаги се разградуваат и се исфрлаат од организмот по природен пат. Нема опасност за здравјето на пациентот, бидејќи овие ензими се користат во лекување на масната емболија.
ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕТОДАТА:
Третманот се повторува по 15-тиот или 20-тиот ден. За постигнување на првите резултати потребни се минимум три третмани, а понатаму сè зависи од дебелината на масното ткиво и региите што се третираат, како и од индивидуалните реакции на организмот.
Болката е минимална и затоа оваа метода се смета за крајно комфорна за пациентите. Тоа со што пациентот ќе се соочи по 48 до 72 часа од третманот е: црвенило, оток и понекогаш болка.
ПРЕДНОСТИ НА МЕТОДАТА:
За разлика од другите методи, при липотерапијата не се користи целосна анестезија, не остануваат лузни, а лекувањето е кусо и безболно. Веднаш по интервенција можете да се вратите на нормалните активности. Резултатите се трајни, но не заборавајте, ако сакате да ја задржите новата форма, мора да внимавате на исхраната и на вежбите.
.gif)






















.gif)























