
Новогодишната ноќ е најлудата ноќ во годината. Тогаш сè е дозволено. Поминатите 5-6 часа на високи потпетици и внесениот алкохол ве прават мамурни наредното утро, односно целиот нареден ден. Ние ви нудиме едноставни трикови со кои ќе си помогнете да го совладате мамурлакот и да изгледате убаво и свежо за околината.
За почеток на денот
Дозволете си масажа со масло која се темели на ајурведа-методот. Нејзината особеност е во тоа, телото да го истриете со бадемово масло пред утринското туширање, што според ајурведа-методот го поттикнува отпуштањето на животната енергија капха.
Истријте го телото со масирачки движења нанесувајќи бадемово масло и завршете го третманот со ладно туширање.
За враќање на енергијата
Кога среде работниот ден ќе почна да ве совладува заморот, не посегнувајте веднаш по кафето. Истиот ефект го има и масажата на ушите. Фатете ја ушната школка со прстите и протријте ја малку, постепено, од врвот од крајот. Веднаш ќе почувствувате струење на енергијата бидејќи телото ќе почне да произведува допамин - хормон кој мотивира. Оваа масажа е ефикасна без какво било масло.
За одморени очи
Ако очите ви се црвени и уморни, ви препорачуваме масажа со кинеска метода „зан зху", односно масажа на „точката свиткан бамбус". Оваа точка се наоѓа меѓу веѓите и коренот на носот. Помасирајте ја со палецот кружејќи 8 пати лево и 8 пати десно, а останатите прсти навалете ги на границата на челото и косата.
Ако, пак, очите ви се отечени, тогаш ставете им крем против хемороиди. Знаеме дека звучи грозно, но е многу практично. Овие кремoви содржат состојки што ги собираат капиларите и на тој начин ќе ви помогнат да спласне отокот од капаците на вашите очи. Нормално, треба да нанесете мало количество на очните капаци и да внимавате да не дојде до контакт со очите. Ако не сакате да го испробате овој трик, тогаш земете лажица и ставете 1-2 минути во ладилникот. Потоа ставете ја лажицата на очните капаци. Студенилото ќе ја редуцира отеченоста.
.gif)






















.gif)























