
Многу жени го избегнуваат тушот за очи бидејќи се плашат дека не знаат да го нанесат и дека дополнително ќе си отворат работа откако ќе го размачкаат целото око. Секако дека тушот ни најмалку не е едноставен за нанесување. Многу лесно може да се претера па да изгледате пренападно, многу малку да ставите и да изгледате бледо, или сосема погрешно да го ставите и на окото да му дадете крив изглед.
Заборавете на старите техники на нанесување туш, со исцртување, повлекување линија на капакот. Едната ќе испадне подебела, другата потенка. Повторно сте на почеток.
Едноставно со едната рака оптегнете го капакот, а со другата нанесете точкички со тушот по должината на целиот капак и што повнатре во коренот на трепките.
Целта е со точките да ги пополните празните места помеѓу корените на трепките, за да добиете погусти и дефинирани трепки. Откако ќе нанесете и римел ќе имате чувство дека сте ставиле вештачки трепавици.
Доколку сакате уште повеќе да го истакнете окото, само спојте ги точките за да добиете убава линија и на крај малку закосете, во зависност колку мислите дека ви прилега.
.gif)
































.gif)























