
Негуваните стапала се одраз на тоа колку вие водите сметка за себе. Со доаѓањето на пролетните денови вашите стапала особено ќе бидат изложени на погледи. Затоа, време е да се погрижите за нив бидејќи мажите се воодушевуваат од меки и нежни стапала. Причината за тоа е фактот што стапалата се најгрубиот дел од телото.
Пред да ги облечете сандалите гледајте стапалата да изгледаат беспрекорно за да добиете комплетна слика. Ако не можете да си дозволите стручен направете си домашен педикир.
Прво извадете го стариот лак од ноктите. На памукче нанесете ацетон, допрете го за нокотот неколку секунди и почнете да бришете.
Стапалата искиснете ги ви топла вода најмалку 5 минути. Во водата можете да ставите малку купка и сол ако имате. Убаво истријте ги и поминете ги петите со камен.
Секогаш кога работите на едното стапало, другото чувајте го во водата за да не се стврднат кутикулите.
Избришете го стапалото со памучна крпа. На секој нокот нанесете од средството за омекнување кутикули и почекајте неколку минути. Доколку немате такво средство ставете некоја помрсен крем или масло за тело и почекајте кожата убаво да го впие. Сега со дрвеното стапче туркајте ги кутикулите на секој нокот посебно.
Ако сакате, може и да ги исечете кутикулите, но внимавајте да не се раскрвавите и имајте на ум дека потоа секогаш ќе треба да ги остранувате.
Исечете ги ноктите, но внимавајте да не бидат ни многу долги ни многу кратки. Доколку површината на нокотот е нерамна и рапава поминете ги со турпијата за полирање.
Исплакнете ги со ладна вода, и време е за малку уживање. Со крема убаво измасирајте го целото стапало, нанесете и помеѓу прстите и одморете малку додека да се впие.
Време е за лакирање. Прво ставете безбоен лак на сите нокти. Бидете стрплива и чекајте убаво да се исуши. Подоцна ставете лак во трендовска боја. Ако сте за поинтезивна боја, ставете повеќе слоја. На крајот финиширајте со уште еден слој сјај за да го спречите брзото лупење.
Многу е важно да чекате убаво да се исушат ноктите. 30 минути се идеално време, а потоа две недели сте мирни.
.gif)






















.gif)























