
Мејкапот е одличен трик за да го свртите вниманието кон косата
Доколку практикувате да се шминкате според бојата на косата, тогаш несомнено ќе успеете да ја истакнете природната убавина. Шминката за блондинките или црвенокосите ќе направи да изгледате смешно и болежливо. Овие совети ќе ви помогнат да останете на вистинската патека:
ФРЛЕТЕ ГО РОЗОВИОТ КАРМИН!
Интензивните бои како розовата или светлите црвени нијанси повеќе се наменети за девојките со темна коса. Бледите розови и виолетови кармини лошо се рефлектираат на кафената коса, а лицето делува несредено и на моменти извештачено. За вас одлични се темните тонови, пробајте со темно виолетов, црвен и кафен кармин.ПРОБАЈТЕ СО БРОНЗЕНО!
Розовите обравчиња се измислени за блондинките. Вие побарајте руж со боја на праска што одлично ќе ви се најде за преку ден, а за навечер ви ги препорачуваме земјените тонови или бронзен руж. Бронзениот руж најдобро се вклопува со кафената коса, бидејќи лесно се рефлектира на јаболкниците, а ја истакнува бојата на очите и косата.
ОЧИТЕ НАПРАВЕТЕ ГИ ДРАМАТИЧНИ!
Никогаш нема да направите утка ако одите на опцијата, блед тен и усни, а истакнати очи. Бринетите со сини очи не смеат да заборават да користат топли и богати тонови, оние со кафени очи може да експериментираат со јаки сребрени сенки. Доколку имате навистина светол тен тогаш нанесете кафена маскара. Останатите освен црна може да пробаат и со темно сина.
ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА ПУДРА!
Се претходно паѓа во вода ако го утнете овој чекор. Пудрата е најважниот дел од шминката од кој најмногу зависи дали бојата на косата ќе се истакне, ќе блесне или ќе делува неприродно. Најлесно ќе успеете доколку се консултирате со некој шминкер, обидете се, прашајте некој... не верувам дека ќе ве одбијат за совет.
НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ДА ЕКСПЕРИМЕНТИРАТЕ!
Советите за шминка даваат генерални насоки, но што најдобро ви стои можете сами да процените. Нови сенки, руменило или кармин, тестирајте ги на вас...можеби светло розовиот кармин одлично ќе ви стои иако имате темно кафена коса и тен. Но, секогаш имајте на ум едно: Не експериментирајте пред некој важен настан, тоа оставете го за деновите кога сте послободни.
.gif)






















.gif)























