
Освен неправилната исхрана и малата раздвиженост целулитот има и генетски предиспозиции и може да се појави и поради одредени хормонални пореметувања.
Многу ќе беше полесно доколку со вежби можеше да се реши ваквиот проблем. Сите ќе почневме интензивно да спортуваме. Но, вежбањето е само превентива. Тоа успешно ќе ја затегне кожата и мускулите, но целулитот повторно ќе остане на нозете. Сите оние девојки кои сеуште немаат видливи знаци на целулит нека почнат со некаков тренинг. Доволно е една бременост и тој ќе се појави.
За почеток купете квалитетно млеко за остранување целулит. Нанесувајте го на местата зафатени со целулит преку масажа. Почнете полека и се повеќе засилувајте, тријте ја површината до степен да ви се појави црвенило. Штипете , тегнете ја кожата и префрлајте го месото низ прстите како да виткате ролат. На крај завршете со нежни потези за местото да се смири. Масажата е добра за циркулацијата и лимфата. Можете да ја практикувате и додека се туширате со помош на купката. Купката не упива, мазна е и ќе ви овозможи подолготрајна масажа.
Започнете со третман пред спиње. На нозете, стомакот и секаде каде што имате целулит ставете од антицелулитната крема и обвиткајте се со кујнската проѕирна фолија. Седете така колку што можете повеќе, но и еден час ќе ви заврши работа. Топлината ќе ги отвори порите, а преку потењето ќе се ослободите постепено од целулитот. Доколку ви се брза засилете го ефектот со инфрацрвена ламба. Можете секаде да ја најдете и не чини многу.
Освен домашната нега можете да посетите и салон. Таму се служат со најразлични методи како електро стимулациите. Распрашајте се убаво за секоја метода и дополнително консултирајте се во врска со советите кои ги добивате од салонот. Денес постојат толку многу салони и сите даваат спротивни совети. Некои ќе ве стават на диета, вежби и стимулации, други ќе ве тераат да пиете по 3 литри вода и на крај ќе завршите со расипани бубрези.
.gif)






















.gif)























