UNIQUE ТРЕНДОВИ:
Во вториот број на женското списание Unique, што веќе е на сите трафики, научете ги триковите за smokey eyes, вамп изглед и румени обравчиња.
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ВО 3-от БРОЈ?
Маѓепсајте го за Денот на вљубените!!!
Како да навлечете магнетна привлечност со Unique предлозите за месец февруари...
ЗА ДОЛГИ И ПРЕДИЗВИКУВАЧКИ ТРЕПКИ...

ТРЕПКИТЕ НА KATY PERRY
Долгите и интензивни трепки станаа заштитен знак на пејачката, заедно со црната ретро фризура. Инвестирајте во квалитетна маскара што е наменета за издолжување, а може и за волумен. Во коренот на трепките, со тушот нанесете ситни точки за дополнителна густина. Купете маскара во боја, златна или сребрена, нанесете еден слој или ставете само на врвовите или средината на трепките.
ЗА ВЕЧНО МЛАДА И СЈАЈНА КОЖА...

СОВРШЕНАТА КОЖА НА RACHEL McADAMS
Кожата е подлога за секоја шминка, што значи ако таа има недостатоци, крајниот ефект ќе биде со маани. Блескавата кожа е посебен предизвик за жените што не се фанови на интензивниот мејкап. Редовно чистење на лицето и задолжителна хидратација, само тоа е доволно. Актерката Rachel McAdams за својата блескава кожа може да ми се заблагодари на дневниот крем од роза на Dr.Hauschka. Кремот го има и во нашите поголеми аптеки.


















































