mlekoТретмани за здрава кожа: Со млеко и мед
Една лажица мед се меша со 1 лажица пченкарно брашно и се трие кожата 2-3 минути.
kate_bosworth_make_upMake up како Kate Bosworth
Изгледајте како светски познатите актерки и заведувајте го спротивниот пол.
bikini_od_modnite_pistiБикини од модните писти
Како да стигнете до бикини што се презентираат на модните ревии?
devojka_do_lavandaСо витамини до убава кожа
Консумирањето на витамини ќе ви ја подобри состојбата на кожата.

Естетска хирургија на усни

syringe

Новите усни траат од 6 до 8 месеци

Усните се огледало на сензуалноста на жената...тие се нејзиното најголемо еротско оружје за освојување на мажите. Сонот на секоја жена е добро познат, истакнати и полни усни. Но природата знае добро да си поигра со женските фантазии за изгледот. Вашата уста не е ни приближно слична како онаа во вашата глава???

Денес решивме да отстапиме место за сите оние девојки што сериозно размислуваат за зголемување на усните...постојат многу техники за пополнување на усните без операција.

ОПШТО ЗА КОЖНИТЕ ПОПОЛНУВАЧИ...

Постојат повеќе типови на кожни пополнувачи како силикони, колагени, или пак, нивни модифицирани и пречистени деривати. Најчесто се користат оние на база на хијалуронска киселина од причина што се биоразградливи - телото го апсорбира природно со тек на време и не остава траги на местото каде што е аплициран. Овие гелови се вбризгуваат поткожно по линијата на усната, каде што тие бабрат и го зголемуваат волуменот на поткожното ткиво на усните. Со овие гелови усните добиваат визуелен и естетски поголем волумен. Интервенцијата е безболна и налага голема прецизност при вбризгувањето на геловите. Затоа нестручно поставување на геловите предизвикува компликации, кои ги нарушуваат изгледот и функцијата на усните.

ПОВЕЌЕ ЗА ХИЈАЛУРОНСКАТА КИСЕЛИНА?
Хијалуронска киселина или хијалуронан е природен полисахарид, кој е важен градбен елемент на кожата и на сврзното ткиво. Хијалуронска киселина припаѓа на групата супстанци што се идентични кај сите живи организми. Таа може да биде од животинско или од бактериско потекло.

ДЕРМАЛНИ ФИЛЕРИ...актуелна метода за пополнување на усни.

Дермалните филери се стерилни гелови од неживотинска стабилизирана хијалуронска киселина кои се инјектираат непосредно под површината на кожата со цел да се направи корекција на одредени линии, брчки или лузни на кожата преку нивно пополнување.

Освен за ваков тип на корекција, дермалните филери се користат и за зголемување на волуменот на усните, пополнување на јаболчниците со што се зголемува нивната компактност.

НЕСКАНИ ЕФЕКТИ?

Доколку се решите за ваков вид на корекција практикувајте го стручниот совет, а аплицирањето на дермалните филери да биде спроведено од страна на стручно обучено лице со што ризикот од несакани ефекти се сведува на минимум.

Најчести несакани ефекти се точкести крвавења или мали модринки. Во текот на апликацијата на дермалниот филер може да биде присутна лесна болка на местата на убод, како и лесно црвенило по апликацијата.

Пациентот не треба да ја изложува третираната регија на екстремна топлина како бања или солариум, се додека црвенилото и отокот целосно не се повлече. (симптомите целосно исчезнуваат по една недела)

...и најважното...КОЛКУ ВРЕМЕ ТРААТ НОВИТЕ УСНИ?

Периодот на траење на кожните пополнувачи е од 6 до 8 месеци. Кожните пополнувачи што во својот состав имаат двојна молекулска верига на хијалуронската киселина, имаат подолг рок бидејќи се разградуваат побавно.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)