
Развојот на леќите е дотаму стасан, што денес пациентите слободно може и да заспијат со леќите на себе
Со оглед на тоа какви очила и рамки почнаа да се дизајнираат, не е ни чудо што почнавме да посакуваме да не гледаме. Но, се уште постојат девојки, особено деца, што имаат одбивност кон носењето очила. Револуционерното откритие ви е добро познато - КОНТАКТНИ ЛЕЌИ.
Степенот на развој на контактните леќи овозможи отфрлање на предрасудите и доведе до нивна честа употреба и леснотија во чувањето. Еве нешто повеќе околу тоа:
2 ТИПА КОРИСНИЦИ
Корисниците на контактните леќи може да се поделат во две групи, едните се оние со мака - намален вид, а другите се незадоволните - Сакам сини очи како Cameron Diaz. Добро е тоа што денес желбите им се остварија и на двете групи.
Но правилото е еднакво за сите: Не смеете да дозволите да купувате леќи без консултација со доктор.
Најчесто девојките незадоволни од бојата на своите очи, акцијата за промена ја започнуваат сами без консултација со офталмолог. Истото се случува и со оние девојки што не можат да поднесат да носат очила бидејќи се срамат, стаклото на очилата е премногу дебело, имаат убави очи, а очилата им ги покриваат...причините може да бидат најразлични.
КОЈ МОЖЕ ДА НОСИ КОНКТАКТНИ ЛЕЌИ?
Скоро секој! До пред извесно време постоеше категорија на пациенти контраиндицирани за носење контактни леќи. Но самата еволуција на леќите ги направи достапни скоро за сите, а најмногу на тоа се израдуваа спортистите кај кои слабиот вид често беше причина да не се занимаваат со омилената професија.
Развојот на леќите е дотаму стасан, што денес пациентите слободно може и да заспијат со леќите на себе. Сето тоа благодарение на зголемениот индекс на пропустливост на кислород. Токму тој индекс ја диктира цената на леќата и времето дозволено за пациентот да ги носи без одмор. (денес има леќи со кои можете да преспиете една ноќ, но има и такви што се носат во континуитет од 30 дена)
СТАРОСНА ГРАНИЦА...
Старосна граница за носење контактни леќи не постои . Леќи може да носат и децата, се додека се свесни и одговорни во врска со нивното чување, а тоа подразбира вадење на леќите пред спиење, чување во специјална кутија со течност, редовно менување на течноста... и задолжителна годишна проверка на видот.
НЕГА НА КОНТАКТНИТЕ ЛЕЌИ...
Доколку ги следите упатствата за чување на вашиот тип на контактни леќи, нема зошто да се плашите од инфекција.
Чисти раце... пред нанесување на леќите, мијте ги рацете бидејќи тие се наголемите пренесувачи на бактерии што може да предизвикаат иритација или инфекција.
Стерилизирање на кутијата... барем еднаш во неделата, стерилизирајте ја кутијата во која ги чувате леќите.
Чистете ги леќите... со специјалните капки, секогаш кога ги видите и пред да ги ставите и задолжително чувајте ги во кутијата.


















































