moderna_curka5 must have за секоја жена!
 Кои модни парчиња мора да ги има секоја жена?
kosaДомашни рецепти за коса
Корисни и трајни рецепти, едноставни и лесни за правење.
model_so_boiБлескајте во секоја боја!
Секоја боја остава различен впечаток. Која боја најдобро ви прилега?
168489_119038511498346_114982095237321_135197_4256798_nСтилот на Blake Lively
Нејзиниот стил е перфектен, сметаат модните критичари.

Mаникир за нокти

01636090694

Овошјето во водата ќе допринесе да ги исчистите долните делови на ноктите и да ги избелите по природен пат

Ноктите со маникир оставаат впечаток на личност која се грижи и за оние најситните дели на својот изглед, но тоа не значи дека морате редовно да ги посетувате козметичките салони за да го добиете тоа што го сакате. Сето тоа можете да го направите сами, дома, со сопствен прибор за маникир кој можете да го купите во било која аптека, а тоа секогаш е исплатлива инвестиција. За да си направите сами маникир, мора да разберете неколку основни чекори. Прво, најдете некое светло место (покрај прозор или под ламба). Потоа  следете ги следниве неколку чекори кои ќе резултираат со совршен маникир на вашите нокти.

ПРВ ЧЕКОР:

Темелно измијте ги рацете со топла вода и сапун, а потоа добро исушете ги. Ако претходно сте имале некој лак на ноктите, извадете го со ацетон кој по можност би требало да биде на база на масло бидејќи таквиот ацетон е помалку агресивен за ноктите и кожичките околу нив.

ВТОР ЧЕКОР:

Нанесете течност за отстранување на кутикулите и за време на нејзиното делување истурпијајте ги ноктите во саканиот облик така што ќе добиете природен облик на ноктите. Потоа подбутнете ги кутикулите со специјално дрвено или метално помагало за оваа намена, па така, подоцна кутикулите сами ќе се одвојат од ноктот. Овој начин е многу подобар, отколку да ги сечете кутикулите, бидејќи тие подоцна ќе станат тврди и тешко ќе се отстрануваат.

ТРЕТ ЧЕКОР:

Во сад со млака вода додајте парче лимон или цитрон. Ставете ги рацете во садот и држете ги неколку минути. Овошјето во водата ќе допринесе да ги исчистите долните делови на ноктите и да ги избелите по природен пат. Откако ќе завршите со овој третман, избришете ги рацете со пешкир, а пото хидратизирајте ги со тенок слој маска за раце.

ЧЕТВРТ ЧЕКОР:

Замотајте ги рацете во ракавици или пешкир кој претходно сте го загреале на греалката или парното. Така замотани оставете ги да мируваат околу 5 минути. Ова е потребно за да и овозможите на  маската која претходно ја нанесовте, да продре длабински во вашата коша и темелно да ја нахрани.

ПЕТТИ ЧЕКОР:

Маската од рацете извадете ја едноставно, со млаз топла вода. Никако не заборавајте после секое миење на рацете и ноктите, темелно да ги исушите со пешкир, бидејќи остатоците од вода на рацете ја сушат кожата.

ШЕСТИ ЧЕКОР:

Ноктите исполирајте ги и со полир-турпија, така што нежно ќе поминувате со неа по површината на ноктот, а целта е да се исфрли мрснотијата од ноктот. Овој чекор заборавете го ако имате природно суви нокти кои „цветат", односно кои се лупат по површината.

СЕДМИ ЧЕКОР:

Рацете и ноктите масирајте ги со хидратантна крема за раце, а ако кожата ви е многу сува и груба, употребете некоја помасна крема. Со кружни движења масирајте го секој дел на раката, вклучувајќи ги и ноктите на кои ваквата хидратација добро ќе им дојде.

ОСМИ ЧЕКОР:

Пред да ги лакирате, секој нокот темелно исчистете го со ацетон, бидејќи после нанесувањето на кремот тие се лизгави и не можат добро да го поднесат лакот за нокти. Пожелно е пред нанесувањето на лакот да ставите подлога што ќе му овозможи на лакот да остане подолго на вашите нокти.

ДЕВЕТИ ЧЕКОР:

Откако ќе се исуши подлогата, лакирајте ги ноктите со некој лак од вашата колекција, со тоа што, ако се одлучите за лак со поинтензивни бои, како на пример, црвен, син, виолетов, тогаш задолжително нанесете два слоја.

ДЕСЕТИ ЧЕКОР:

Почекајте неколку минути да се исуши лакот, а потоа нанесете масло за кутикули кое добро ќе го триете  на ноктите и кутикулите. Маслото ќе ги нахрани и ќе го спречи оштетувањето, а кожата околу ноктите ќе биде мека и нежна.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)