
Можеме да се пофалиме дека располагаме со многу здрава и квалитетна вода. Но, колку ја цениме и ја користиме во поглед на разубавувањето? Во минатото водата била се, давала живот и релаксација. Па, нека ви текне што се добивате од 10 дена на море или месечната посета на бања. Но, вода имате и дома. Почнете да ја користите и на поинаков начин.
Направете си идеална купка.
Внесете го морето во вашата када. Користете морска сол и средства кои содржат морски алги. Тие се одлични за длабинско чистење на кожата и нејзина ревитализација.
Морската сол содржи минерали кои ги хранат клетките.
Алгите содржат концентрирани минерали, витамини, протеини, липиди. Тие многу лесно навлегуваат во подлабоките слоеви на кожата правејќи ја мека и мазна.
Неколку капки есенцилајни масла од лаванда или камилица прават чуда и за кожата и за мозокот. Мирисните молекули допираат до центрите на мозокот при што се подобрува расположението. Се постигнува нормално дишење, крвен притисок и работа на срцето. Топлата вода, никако жешка, во комбинација со маслата ја забрзуваат циркулацијата и и даваат сјај на кожата. Бидејќи денес постојат масла за мрсна, сува, осетлива... кожа, изберете соодветна за вашиот тип.
Подгответе се за потполно уживање во купката.
Пред да влезете во водата, поминете го своето тело со мека четка од природни влакна. Користете ја исклучиво сува и нежно поминете ја кожата за да го остраните првиот слој од мртви клетки. Ваквата редовна практика ќе ви ја затегне кожата и ќе го намали целулитот.
Пуштете си пријатна музика, ако ви одговара светлото да биде пуштено оставете го, доколку не изгаснете го и запалете свеќи. Сепак идеалната атмосверата е индивидуална за секого. Но, за сите важи истото правило дека треба да бидат недостапни за секој при овој ритуал.
Преминете на релаксација.
Ослободете се од секакви мисли, сконцетрирајте се на музиката и на уживањето во освежителниот пијалок. Можете да направите и медитациона вежба. Поткренете ги нозете, ставете ги рацете позади глава, убаво сместете ја на нив и почнете со дишење. Земете длабок воздух, задржете го 4 секунди и полека испуштете го. После тоа прекинете го дишењето неколку секунди и пак повторете ја постапката. Вежбата повторете ја најмалку 5 пати.
.gif)






















.gif)























