
Ревиите се одржаа во салонот на „Ауди, Порше Македонија“, а ревиите ги отвори дизајнерот Ненад Секирарски.
Модниот викенд во Скопје беше одлична локација за македонските модни дизајнери да и се претстават на јавноста со своите последни колекции.
Ревиите се одржаа во салонот на „Ауди, Порше Македонија", а честа прв да го отвори модното случување, му припадна на реномираниот дизајнер Ненад Секирарски и неговата колекција за пролет/лето. Со свои ревии се претставија и Кокев ателје, Дизајн фактори од Косово, Република де ла мода, студенти од Европскиот универзитет под менторство на Никола Ефтимов и на Јана Манева-Чупоска, Олгица Ѓоргиева, Елена Лука, Роберт Ивановски Ведрана Панова и Јован Петровски.
Но ајде да ѕирнеме малку зад сцената...
Овој пат, одговорен за шминката на моделите беше тимот на ARTDECO. Освен ваквиот ангажман, познатиот бренд се претстави и со сопствено Catwalk Show. Присутните беа сведоци на уникатен и трендовски начин на употреба на сенките, моливчињата за очи, кармините...
Најзвучното име што стоеше зад таквото необично преставување на шминката, беше специјалниот гостин, Derek Grillo (International Make up Artist, Head of International Training).
СОВЕТИ ОД DEREK GRILLO:

Мејкап артистот, Derek Grillo вели дека шминката треба да ви даде доза самодоверба!
Иако презафатен и максимално посветен на своите модели, шминкерот одвои време да сподели неколку мејкап совети со нас.
ЗА ПРОЛЕТНИТЕ ТРЕНДОВИ...
По се изгледа оваа пролет се е дозволено. Дали ќе решите да се нашминкате со црна боја или ќе удрите на нешто посмело на пример, тиркиз или интензивно жолта сенка, нема да погрешите се додека не се плашите да експериментирате. Но, ако навистина сакате изглед како од модна писта, тогаш во игра влегуваат дречливите нијанси на боите, што асоцираат на карневалска шминка.
Шминкерот посебно нагласи дека квалитетот на шминката никогаш не може да дојде до израз ако вие се плашите да мешате сенки и да ги сенчете очните капаци. Слободно почнете со виолетова, за на крај да завршите со маслинесто зелена или угасена сина нијанса.
МОДЕЛИТЕ ОДБЛИЗУ:
.gif)






















.gif)























