
Бела роза, зелен јасмин или нарцис е нешто задолжително за оваа пролет.
Во саботата официјално ја започнавме пролетта, со тоа започнавме и нова сезона во модата, шминкањето и стилизирањето на косата. Но вистинското пролетно расположение го носат мирисите. Мирисот на расцветените пупки, кокичиња, а наскоро ќе стасаат и првите лалиња. Топлото попладне искористете го за прошетка, а со помош на ветерот обидете се да го вдишите мирисот на пролетта. Во истиот момент ќе посакате и вие да мирисате така. И тоа е добро, бидејќи вашиот мирис ќе расположи некој друг.
Со цел полесно да изберете свој мирисен белег за оваа пролетна сезона, ви ги носиме актуелните мирисни ноти и шишенцата каде што ќе можете да ги најдете истите.
ПРЕДЛОЗИ ПЛУС...



























































