
Градникот за задник воопшто не се познава под облеката.
Секоја жена сонува за задник како оној на Beyonce или Jennifer Lopez. Ваквиот сон стана реалност и за обичната жена, а тука не мислиме на пластична операција или макотрпно вежбање.
И мажите и жените се согласуваат, градите и задникот изгледаат многу поубаво кога се цврсти и поткренати. Ако до сега градниците завршуваа работа со градите, сега и вашиот ценет задник ќе има со што да се поткрене.
Станува збор за првиот градник за задник, чиј креатор е физиотерапевтот Karin Hart.
И покрај тоа што се ослободила од вишокот килограми, Karin не била задоволна од својот изглед. Главната причина за тоа бил мекиот и спуштен задник. Размислувајќи за тоа како да го реши ваквиот естетски проблем со кој се соочуваат илјадници жени, се досетила за изумот наречен BINIKI.
Станува збор за градник што се носи на задникот. Градникот стои прицврстен за половината, а траките можете слободно да ги подесувате по ваша мерка. Воопшто не се познава под облека, а може да се набави и машка варијанта и танга. Без оглед за кој модел сте заинтересирани, цената е фиксна и изнесува 20 фунти.
Градникот не само што ќе го реши проблемот со спуштениот задник, туку сигурно ќе успее да ги разубеди анорексичните девојки дека облините се во мода. Доказ за неговата популарност е и фактот дека пејачките Beyonce и J.Lo се интересирале да го пробаат.


















































