
Менструалната чашка е изработена од 100 процентен медицински тестиран силикон.
Дојде крајот на трчањето по влошки и тампони секој месец, а да не зборуваме за незгодите што може да ви ги причини менструацијата. Станува збор за менструалната чашка што на големо ја користат Англичанките, Американките и Французинките. Не само што е економична, ваквата замена на влошките и тампоните е далеку похигиенска. Еве ги сите информации поврзани за неа
ЗА СОСТАВОТ...
Менструалната чашка е изработена од 100 процентен медицински тестиран силикон, наменет и за жените со осетлива кожа и склоност на вагинални инфекции и бактерии.
ПРЕДНОСТИ НА МЕНСТРУАЛНАТА ЧАШКА!
Менструална чашка v.s влошки
За разлика од влошките, менструалната чашка не создава влажност и топлина околу вагината, а со тоа индиректно ја влошува климата за развој на бактерии. Ако влошките не лишуваат од одредени задоволства како пливањето, тоа не е случај и со вагиналната чашка. Чашката не предизвикува циститис од причина што не ја пренесува бактеријата Esherishia coli.
Менструална чашка v.s тампони
За разлика од тампоните, менструалната чашка не ја суши и не ја надразнува вагиналната слузница бидејќи не учествува во природното чистење на вагината од бактерии. Покрај тоа не остава влакненца во вагината. Тампоните често ја менуваат киселоста на вагината што не е случај со чашката. Менструалната чашка е хипоалергиска и не содржи латекс.
ОСНОВНИ СПЕЦИФИКИ...
Рок на употреба: силиконот обично се користи и до 10 години, но со правилно одржување може да се користи од 5 до 10 години.
Начин на одржување: во просек, чашата се празни два до три пати на ден. Се пере со обична вода и благо непарфимирано средство за интимна хигиена. Може да се избрише и со дезинфекциско шамиче.
Начин на употреба:
СТАВАЊЕ - чашата се витка на пола (по должина) и на тој начин се вметнува во вагината каде со помош на вакуумот и вагиналните мускули се фиксира. За разлика од тампонот што мора да го бутнете подлабоко во вагината, менструалната чашка е позиционирана поблиску до усните и не предизвикува никакви болови.
ВАДЕЊЕ - за полесно да ја извадите користете ги стомачните мускули. Штом го дофатите дното, вакуумот ќе попушти и после вадењето е лесно. Всушност самата чашка има силиконско цевче за повлекување. Постојат повеќе марки на менструални чашки, но сите делуваат на ист начин. Се разликуваат само по облик, површина и боја.


















































