
За да биде успешен методот на панчакарма, најдобро е постапката да се одвива во мир и тишина.
Според класичната индиска медицина, ајурведа човекот е здрав кога сите негови телесни, умствени и душевни функции се во рамнотежа. Ајурведата најмногу внимание посветува на превентивата со цел да се одржи човековото здравје и да не се дојде до фазата лекување. Доколку рамнотежата, за која зборуваме, на било каков начин се наруши, тогаш се делува со помош на постапките на панчакарма.
ЗА ПАНЧАКАРМА МЕТОДАТА...
Станува збор за метод на чистење и детоксикација на телото што може да ја извршат само специјализирани луѓе од областа на ајурведа медицината. Панчакарма значи 5 чина, односно 5 начини за чистење на организмот преку кој од телото се отстранува насобраниот стрес и отрови, а после која ќе потонете во длабок мир и спокојство.
Панчакарма е превентивна мерка, но може да послужи и за лекување на болести што се уште не се сложени и озбилни кај пациентите што се уште имаат снага да се борат. Ајурведскиот лекар или советник, ја прилагодува програмата според конструкцијата на здравствената состојба на лицето. Давајќи и прецизни насоки и постојан мониторинг.
За да биде успешен методот на панчакарма, најдобро е постапката да се одвива во мир и тишина. За тоа време заборавете на компјутерот, гласната музика, телевизорот, може само да читате, но само ако е неопходно. Исхраната треба да биде умерена, но лесна. Да изобилува исклучиво со свежи намирници приготвени во домашни услови. Исто така многу помага и јога или медитација.
ПРОЧИСТУВАЊЕТО ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВО ДОМОТ...
За да овозможите насобраните отрови да се поместат во желудникот и цревата (од каде што ќе може да се исфрлат) потребно е неколку дена по ред да пиете одредено количество прочистено масло од ГХИ (за кое ќе зборуваме). Дозволено е да јадете и готвена храна, а не заборавајте да пиете и топол чај (по можност и вода). Тие неколку дена масирајте се со топло масло од сезам. После масажата туширајте се со топла вода - ова е уште еден начин за ослободување од токсините и регулирање на срцевиот ритам. Претпоследниот ден, наутро напијте се мало количество топло масло од рицинус во комбинација со топла вода за да ги испразните цревата. Последниот ден, пред заминување во ајурведа центарот, е наменет за одмор.
ШТО ВЕ ОЧЕКУВА ВО АЈУРВЕДА ЦЕНТАРОТ...
Секојдневна масажа со топло масло богато со лековити билки, во траење од 50 до 90 минути. Типот на масажа зависи од конструкцијата на човекот (неговата доша). Пред масажата следува постапка за смирување, а после масажата потење во специјална парна комора каде телото ќе ги излачи насобраните отрови. Во собата за одмор на крај добивате клистир (направа за чистење на цревата).
Ајурведскиот лекар може да ви препише и чистење на носот и носните шуплини, масажа на главата и лицето, инхалација - со постапката се чистат синусите, главата и вратот, а со тоа се смалува мигрената и главоболката. Во ајурведата постои и посебна постапка за чистење на очите и за смирување на нервниот систем. Во Индија се служат и со постапката за терапевтско повраќање и пуштање крв, но оваа метода не е многу омилена на Запад.
Панчакарма третманот трае најмалку една недела, а може и повеќе - совршено би било доколку можете да си дозволите третман од месец дена. После третманот ќе се чувствувате полесно, смирено, подмладено и опуштено. Многу е важно после напуштање на центарот да најдете време за мир и тишина, за прошетка на свеж воздух и барем уште месец дена да се придружувате на лесната исхрана.
За жал во Македонија се уште нема ајурведа центар, што не е случај кај соседите. Но, во јога центрите, како оној во Тафталиџе, често се изведуваат масажи под водство на експерти од странство.


















































