Electrolux_laundry_room_1Спа-третман за вашите алишта!
Сега можете да се однесувате со вашите алишта нежно како со вашата кожа.
principite4 принципи за здрава кожа
Принципот да се има убава, здрава и негувана кожа важи за секоја жена.
maslaЕсенцијалните масла добри за вас
Откријте ги различните намени на основните типови.
fake_eyelashes6 чекори до вештачки трепки
Како да направите вештачките трепки да изгледаат природно?

6 козметички гревови

6_grevovi

80% од проблемите со кожата се поврзани со затворањето на порите во текот на ноќта.

Со годините секоја жена усвојува одреден режим на нега. Сите ги знаат основните правила како: забрането е стискање на акните, но се уште постојат навики кои ја уништуваат женската убавина, без при тоа жените да бидат свесни за тоа.

Од тие причини решивме да создадеме еден центар за рехабилитација со цел да ги искорениме сите злосторства што и ги нанесувате на вашата кожа секојдневно. Разговаравме со жени од различни возрасти и ги замоливме да ги споделат со нас најголемите грешки што и ги причиниле на својата убавина. Останете со нас, можеби ќе се пронајдете во некоја.

ЗАБОРАВЕТЕ НА ДЕБЕЛИ СЛОЕВИ КРЕМА! - Симона

Читајќи разни правила по списанија и интернет, почнав редовно да нанесувам хидратантна крема на лицето. Наместо сјајна, добив масна кожа што стана склона на создавање акни.  Конечно се освестив и почнав да ја слушам сопствената кожа...сфатив дека немам потреба од крема на Т-зоната.

РЕГЕНЕРАТОРОТ (иако наменет) E СИЛЕН ЗА КОРЕНОТ - Снежe

По совет на мојата фризерка, регенераторот почнав да го нанесувам од коренот до врвовите. Косата почна да ми се масти за еден ден, но тоа не беше ништо во споредба со првутот. Кожата на главата почна буквално да ми пука. Сега се мијам само со шампон, а првото плакнење го правам со сварен чај од коприва. Природните маснотии на главата се доволни за сјај...маските и регенераторите ги ограничив на врвовите. Сметам дека премногу хемија не е добро за косата.

НЕПРАВИЛНОТО НАНЕСУВАЊЕ КАРМИН ВЛИЈАЕ НА БОЈАТА - Елена

Постојано ја критикувам мајка ми дека не знае да избере кармин од причина што не знае правилно да го тестира дали и стои. Имав прилика да слушам совети од странски мејкап артист и човекот навистина убаво објасни како се пробува кармин. Велеше дека се нанесува само на долната усна, не на двете. А во никој случај не смеете да ги протриете двете усни, бидејќи под дејство на циркулацијата карминот секогаш станува потемен.

ЧУВАЊЕТО НА МАСКИТЕ ПОДОЛГО ОД ПРЕПИШАНОТО МОЖЕ ДА БИДЕ ШТЕТНО -Лиле

80%
од проблемите со кожата се повразни со нередовното чистење на лицето пред легнување

На упатството убаво пишуваше: чувајте ја маската на лицето од 10 до 15 минути, а пото исплакнете го со вода. Но, јас надевајќи се на поголеми ефекти, ја оставив да стои цел час. Кожата ми се исуши и се појави големо црвенило. Едвај го смирив со гел од алое вера. Сепак, упатствата не залудно некој ги пишува.

КОЊСКОТО ОПАВЧЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА - Ана

Бидејќи не си се допаѓам со пуштена коса дојдов до степен таа да почне да ми паѓа. Во ред е да носите коњско опавче, но не и секој ден. Јас сум пример дека постојаното затегнување на косата е штетно. Таа се прекршува, ја губи еластичноста и почнува да се ретчи во делот кај шишките. Многу подобра опција се шнолите и штипките за коса, отколку ластичето.

НИКАКО НЕ ЛЕГНУВАЈТЕ СО ШМИНКА - Ивана

Ќе се приберам дома во 4 часот наутро и нормално ќе си легнам во кревет оставајќи ја шминката на себе. Откако во едно истражување прочитав дека 80% од проблемите со кожата се поврзани со затворањето на порите во текот на ноќта (поради шминката), ако ништо друго, го поминувам лицето со влажни шамичиња. Митесерите значително се намалија.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Прифатете ги денешните предизвици со храбри нови идеи, знаете дека го имате она што е потребно и најмалку еден клучен играч сака да ве чуе. Говорете!  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Ова не е најдоброто време за да влегувате во нешто многу сериозно, особено ако вклучува документација и потписи. Одложете барем за еден ден и разговарајте за деталите.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Вашиот интелект е во фокусот денес и ќе можете да се справите со сите тестови и предизвици на патот. Не срамете се, отворено кажете им на другите да ве слушаат.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Обидете се да се релаксирате, дури и кога работите стануваат густи. Ќе откриете дека енергијата ви е подобро потрошена на смирени проекти, отколку на стресни ситуации.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Треба да ја запишете денешната инспирација веднаш штом ќе ви дојде бидејќи сигурно ќе има некои пречки кои ќе следат. Искористете што имате при рака за да ги снимите вашите мисли.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Треба да бидете повнимателни денес, особено во односот со најблиските. Тие не се против вас, но може погрешно да ги разберете.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Треба да се поврзете со многу луѓе денес, а со тоа и многу проблеми. Одличната социјална енергија ќе ве одржи на вистинскиот пат, а ќе ги насочи и останатите.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Во искушение сте да направите нешто ризично, но треба да се справите со импулсот и наместо тоа реално да ги разгледате условите за живот. Потрошете ја енергијата на проекти кои не бараат многу внимание.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Комплетно сте зафатени и концентрирани, па и подготвени за се што ќе ви дојде на патот. Навистина е добро време да истапите и да им кажете на луѓето дека сте тука за нив.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Се чувствувате многу подобро во врска со проблемот кој ве мачи со недели или дури и подолго. Всушност, оваа нова јасност на мислите ќе се префрли и на другите ваши проблеми, па добро погледајте!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Ја чувствувате жештината на еден или друг начин, но тоа е добро! Вашиот љубовен живот ќе биде навистина исполнет, а некој ќе гледа на вас со ширум отворени очи.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Поезијата ве мами денес, а метафорите во комуникацијата ќе ви бидат најдобрите алатки. Тоа може да значи дека некои не ве сфаќаат, но тоа е нивна загуба, не ваша.

04-02-2012
  • Ре:Prv Sostanok
    Vo red, ponina sredbata super, samo sega se nerviram sto za nekoj den si ide za IT, sigurno ke d...
    Од KiTTy20, во 4.2.2012 2:35
  • sto da pravam :/ sto ponatamu
    Pocnav da se dopisuvam so drugarce od osnovno i nekako pocna da mi se sviga.pominuvase vreme si...
    Од frose1, во 4.2.2012 2:09
  • ПОМОГНЕТЕ!
    Имав незаштитен однос неколку дена пред циклус и после 3 дена ми дојде нормален циклус и сега по...
    Од elena 20000, во 4.2.2012 0:53
  • ПОМОГНЕТЕ!
    Имав незаштитен однос неколку дена пред циклус и после 3 дена ми дојде нормален циклус и сега по...
    Од nikolija50, во 3.2.2012 23:42
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Снегот ме прави...