
Секое претерано изложување на УВА и УВБ зраците е штетно.
Ако прашате во било кој козметички салон дали сончањето во солариум е штетно, стручниот персонал ќе ви одговори дека е сосема безбедно и дека тоа е еден од најдобрите начини за да не изгорите преку летото.
Делумно, тврдењето дека солариумот ќе ви помогне да не изгорите е точно, но во позадина на сето тоа се крие сурова вистина. Според најновите истражувања, УВА и УВБ зраци можат да предизвикаат рак на кожата. Ова се петте сурови факти за солариумот, што треба сериозно да ве замислат пред да си ги фрлите парите:
- Ако редовно користите солариум пред 35 години, ризикот за меланом се зголемува за 75%.
- Солариумот претставува канцероген апарат. Тоа значи дека сончањето во солариум е еден од основните начин за добивање на рак на кожата.
- Сончањето во солариум може да биде заразно. Докажано е дека преголемата употреба на солариумот може да премине во зависност.
- Корисниците на солариум подлежат не само на меланом, туку и на рак на епителните клетки.
- Честото користење на солариумот може да има спротивен ефект. Може да предизвика забрзано стареење на кожата, јадеж или пак промена на нејзината боја.


















































